Катедра за општа и компаративна книжевност: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Статија за Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Катедрата за општа и компаративна книжевност е студиска група при [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет „Блаже Конески“]] на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]].
 
==Историја==
 
Катедрата била оформена во учебната 1980/81 година. Меѓу основачите се вбројуваат: [[Милан Ѓурчинов]], [[Лилјана Тодорова]], [[Вера Јанева]], [[Светозар Бркиќ]], [[Томе Саздов]], како и [[Влада Урошевиќ]], [[Катица Ќулавкова]] и [[Саво Цветановски]]<ref>{{Наведена книга|title=ЗАЛЕЗ НА АКСИОЛОШКИОТ РЕЛАТИВИЗАМ (КОН НОВИ КРИТИЧКИ ХОРИЗОНТИ)|last=Ѓурчинов|first=Милан|publisher=МАНУ|year=2015|isbn=|location=Скопје|pages=36-37}}</ref>.
 
 
==Цели, перспективи и кадар==
 
Катедрата за општа и компаративната книжевност како предмет на изучување го има широкото поле на традиционалните и современи теоретски пристапи кон книжевноста и другите уметности, како и компаративно – историското изучување на македонската книжевност во врска со сите европски и други книжевности и култури. Тоа значи дека катедрата остварува врвни наставни и истражувачки активности во кои студиите реализирани преку компарирањето како дисциплина колку што го нагласуваат односот меѓу националната книжевност и другите книжевности, толку ги истражуваат одговорите на прашањата за поврзаноста на книжевноста со сите други уметности, театарот, сликарството, филмот, фотографијата, како и современите дигитални технологии. Оваа катедра дава можност за изучување на широкото поле на интедисциплинарните и интермедијалните концепции, културолошките концепции во науката и уметноста во целина.
 
Актуелниот наставен кадар е составен од редовните, односно вонредните професори: [[Елизабета Шелева]], [[Лидија Капушевска-Дракулевска]], [[Маја Бојаџиевска]], [[Славица Србиновска]], [[Владимир Мартиновски]] и [[Марија Ѓорѓиева-Димова]].
 
За местото, реномето и за перспективите на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје говорат токму активностите и успесите што ги постигнуваат нејзините студенти чие вработување е клучно и актуелно во повеќе сфери на културата во земјата и во странство, потоа во образованието, во медиумите, во издаваштвото, во библиотеките, во институтите за истражување и центрите на културата, во сферата на кинематографијата актуелна во кинотеките во зeмјата и во регионот, во креирањето и критичкото промислување на културните и образовните политики и во владините и невладините организации. Може да се каже дека од постоењето до денес студентите кои студираат на оваа група по остварените резултати се едни од најдобрите и најкреативните во различни сфери на образованието, науката, уметностите и културата во земјава и во странство<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://flf.ukim.edu.mk/okk-za-katedrata/|title=За катедрата|last=|first=|date=|work=Филолошки факултет „Блаже Конески“|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>.
 
Некои од истакнатите дипломци на Катедрата се писателите и општествени дејци: [[Љупчо Георгиевски|Љубчо Георгиевски]], [[Венко Андоновски]], Роберт Алаѓозовски, [[Сашо Гигов - Гиш]], [[Сашко Насев]], [[Роберт Алаѓозовски]], [[Анастасија Ѓурчинова]], [[Наташа Аврамовска]], [[Лидија Димковска]], [[Јовица Тасевски - Етернијан]], [[Стефан Марковски]], [[Жарко Кујунџиски]], [[Звонко Танески]], [[Јасмина Мојсиева-Гушева]], [[Валентина Миронска-Христовска]], [[Ирена Јорданова]], [[Искра Гешоска]], [[Игор Исаковски]], [[Ирена Цветковиќ]], [[Мане Манушев]], [[Марина Мијаковска]] и други.
 
==Наводи==