Модернизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, поправка на правопис, промени во стилот
Ред 7:
 
==Периодот пред Првата светска војна==
Непосредно пред [[Првата светска војна]], во 1913 година, дошло до подем на [[Модернизам|модернизмот]] во повеќе уметнички подрачја и жанрови. Така, на 14 ноември 1913 година, [[Марсел Пруст]] го објавил романот „[[Во Свановиот крај]]“, како прв од циклусот „[[Во потрага по изгубеното време]]“. Покрај оваа книга, во [[Франција]] биле објавени и поетските книги „[[Песните на А. О. Барнабут]]“ на [[Валери Ларбо]], „[[Алкохоли]]“ на [[Гијом Аполинер]] и „[[Трансисибирска проза]]“ на [[Блез Сандрар]], како и делата на [[Франсис Жам]], [[Ален Фурние]] итн., кои недвосмислено ја најавиле новата поетика на модернизмот. Истата година, во [[САД]], во списанието „Поезија“, [[Езра Паунд]] објавил неколку текстови кои денес се сметаат за еден вид манифест на [[Имажизам|имажизмот]], додека Роберт Фрост ја објавил поетската збирка „Волјата на момчето“ (''A Boy’s Will''). Исто така, во 1913 година биле објавени и следниве значајни книжевни дела: расказот „Пресуда“ на [[Франц Кафка]], [[Поезија|поетската]] збирка „[[Песни (Георг Тракл)|Песни]]“ на [[Георг Тракл]], збирката раскази „[[Огледало на смртта]]“ на [[Мигел де Унамуно]], итн. Истовремено, во [[Русија]], поетите Бурљук, Каменски, [[Владимир Мајаковски]], [[Велимир Хлебников]] и Кручонин и [[Сликарство|сликарите]] Ларионов, [[Казимир Малевич]], [[Олга Розанова]] и [[Наталија Гончарова]] ја основаат уметничката група „[[Хијалеа]]“ и објавуваат еден од неколкуте манифести на [[Футуризам|футуризмот]]. Најпосле, во 1913 година се појавиле бројни модернистички дела и во другите [[уметност]]и: во [[Париз]] било изведено делото на [[Игор Стравински]], „Посветување на пролетта“; [[Марсел Дишан]] го изложува своето дело „Тркало на велосипед“, а во [[Њујорк]] го прикажува провокативното платно „Актот слегува по скалите“; свои изложби приредуваат и [[Марк Шагал]], [[Џорџо Де Кирико]] и [[Анри Матис]], итн.<ref>Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, ''Jedna Svanova ljubav''. Beograd: Paidea, 2017, стр. 9-10.</ref>