Разлика помеѓу преработките на „Бактериологија“

с
== Историја ==
[[Податотека:Albert Edelfelt - Louis Pasteur - 1885.jpg|мини|десно|''Луј Пастер во неговата лабораторија'' (1885) од [[Алберт Еделфелт|А. Еделфелт]].]]
Врската помеѓу [[микроорганизам|микроорганизмите]] и болестите е воспоставена во [[XIX век]], кога германскиот лекар [[Роберт Кох]] ги вовел микроорганизмите во медицината. Кох утврдил дека бактериите се причинител на заразни болести и дека предизвикуваат [[ферментација|вриење]] (ферментација). Во Франција, научникот [[Луј Пастер]] ја осмислил [[вакцинација]]та како начин на превентивна борба против таквите болести. Обајвата одиграле значајна улога во подобрувањето на антисепсата при лекувањето. Овие нивни напори претставувале огромен исчекор во јавното здравство и овозможиле подобар увид во човековото тело и болестите. Во периодот од 1870 до 1885 г. е поставен темелот на современите постапки во бактериологијата со употребата на соеви и методата на двоење на мешавини од организми во чиничиња со хранливи средини. Во 1881880-81 г. Пастер ја спровел првата успешна вакцинација на животни, спречувајќи заболувања од бактериско потекло. Важноста на бактерискиите го поттикнало проучувањето на болестите, нивното спречување и лекување со вакцини. Подоцна бактериологијата се проширила на повеќе полиња, наоѓајќи примена во [[земјоделство]]то, [[морска биологија|морската биологија]], кај животната средина ([[загадување на водата|загадувањето на водата]]), бактериолошката генетика и во [[биотехнологија]]та.<ref>Kreuder‐Sonnen, Katharina (август 2016) History of Bacteriology. In: eLS. John Wiley & Sons Ltd, Chichester. http://www.els.net [doi: 10.1002/9780470015902.a0003073.pub2]</ref><ref>Baron, Samuel. “Introduction to Bacteriology.” Medical Microbiology. 4th Edition., U.S. National Library of Medicine, 1 јануари 1996, www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK8120/. Retrieved 22 November 2017 </ref><ref>The Editors of Encyclopædia Britannica. “Bacteriology.” Encyclopædia Britannica, Encyclopædia Britannica, Inc., 7 септември 2010, www.britannica.com/science/bacteriology. {{пос|22 ноември 2017}}</ref>
 
== Поврзано ==