Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 49:
 
Автентичната и генијална поезија на Лорка, една од големите обновителки на новата шпанска лирика, поаѓа од убавината и богатството на шпанската народна песна и од барокниот раскош и виртуозната поезија на [[Луис де Гонгора]]. Сепак, нуркањето на Лорка во шпанската народна и книжевна традиција не одделила од современите текови во поезијата. Навистина, неговиот вкус, ерудиција и фантазија ѝ се спротивставуваат на помодноста, но во неговите стихови се огледаат сликите на негвоите учители, Мачадо и Хименес, како и [[Метафора|метафорите]] на [[Модерна|модерната]] европска поезија, од [[Симболизам|симболизмот]] до [[Надреализам|надреализмот]].<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 154-155.</ref>
 
Уште се својата прва збирка „Книга песни“ од 1921 година, Лорка го свртел вниманието како исклучителна новина во [[Шпанска поезија|шпанската поезија]]. Исполнета со младешките возбуди и спомените од детството, збирката ја бара рамнотежата меѓу богатата шпанска книжевна традиција и новите тенденции, особено надреализмот и ултраизмот. Оваа збирка ги содржи песните „Сенката на мојата душа“ и „Балада за морската вода“ - првата е младешка, нежна песна со нова поетска структура, слободен стих и со мека инкантација на асонансите, а втората густа синтеза на болката која ги навестува идните нежни и блескави пејсажи на Лорка. Овој период од неговото творештво е многу значаен зашто во него се започнати [[Цигани|циганските]] [[Романса (поезија)|романси]] и „длабоките песни“ кои подоцна ќе го кренат во врвот на шпанската поезија. Заедно со своите врсници Гиљен, Алберти, Диего, Салинас и Алтолагире, Лорка ги прифатил идеите на неговите претходници од познатата генерација на 1898 година и ја започнал големата обнова на шпанската поезија. Токму 1920-тите се пресудни во формирањето на поетскиот профил на Лорка, а тоа е времето кога тој созреал духовно и интелектуално, го култивирал својто поетски [[јазик]], го згустил поетскиот израз, а неговата поезија се исполнува со богати духовни содржини.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 156-158.</ref>
 
Ако во поезијата на Лорка треба да се издвојат главните точки, тоа се збирките: „[[Длабоки песни]]“, „[[Цигански романсеро]]“, „[[Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас]]“ и „[[Поетот во Њујорк]]“. Навистина, меѓу нив, Лорка создал голем број сериозни остварувања (оди, газели, касиди итн.), но во овие неколку збирки доаѓа до израз она што е вистински ново и вредно во творештвото на Лорка. „[[Песната на канте хондо]]“ е целосно свртена кон изворите на сигирии, [[Саета|саети]] и [[Солеа|солеи]], задлабочена во [[бунар]]от на [[гитара]]та и во сеќавањата на [[Шпанија]] од минатото. Иако збирката содржи цел регистер на музичкиот [[фолклор]] и народната поезија, сепак таа претставува вистинска [[Модернизам|модерна]] [[лирика]].<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 158-155.</ref>
 
== Лорка како музичар ==