Разлика помеѓу преработките на „Ѓорге Иванов“

Додадени 53 бајти ,  пред 1 година
с (Отстрането уредувањето на 46.217.41.198 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06)
Ознака: Отповикување
 
===Претседателски избори 2009 година===
На 13 јануари 2009, само неколку часа по предлогот на СДСМ на [[Срѓан Керим]] за заеднички кандидат на претседателските избори, на изненадување на медиумите, од ВМРО-ДПМНЕ било официјално објавено дека Иванов ја поднел првата кандидатура за претседател за партиската конвенција. Зад кандидатурата на Иванов, застанале повеќе министри и членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои [[Зоран Ставрески]], [[Антонио Милошоски]], [[Ивица Боцевски]], [[Гордана Јанкуловска]], како и неколкумина пратеници и истакнати професори. Освен четворицата министри, кандидатурата ја потпишале и [[Љубиша Георгиевски]], [[Влатко Ѓорчев]], [[Паско Кузман]], [[Владимир Талески]], [[Борис Змејковски]], [[Александар Николоски]] и [[Вилма Трајковска]]. Свои потписи на писмото ставиле и ректорите на скопскиот, битолскиот и штипскиот универзитет [[Велимир Стојковски]], [[Златко Жоглев]] и [[Саша Митрев]], потоа професорите [[Светомир Шкариќ]], [[Гордана Силјановска-Давкова|Гордана Силјановска]], [[Љубомир Кекеновски]] и [[Бранислав Саркањац]]. Иванов тврдел дека и премиерот [[Никола Груевски]] го поддржал. Поддршка дале и шест членови на [[МАНУ]] (академиците [[Цветан Грозданов]], [[Блаже Ристовски]], [[Ѓорѓи Ефремов]], [[Томе Бошевски]], [[Гане Тодоровски]] и [[Божин Павловски]]), членови на [[Друштвото на писатели на Македонија]] (претседателот [[Раде Силјан]]), актерите [[Игор Џамбазов]], [[Ванчо Петрушевски]] и [[Александар Шехтански]], оперските пејачи [[Весна Гиновска-Илкова]], [[Цветан Стојановски]], [[Славица Петровска-Галиќ]], [[Ѓорѓи Цуцковски]] и [[Горан Начевски]], режисерите [[Сашо Миленковски]] и [[Синиша Ефтимов]], виолинистот [[Михајло Куфојанакис]], балетските уметници [[Бобан Ковачевски]], [[Мирјана Поп-Алексова]], ракометарките [[Индира Кастратовиќ]] и [[Валентина Радуловиќ]].
 
Кандидатурата веднаш била поддржана и од [[ВМРО-ДП]]. Во вакви услови, [[Љубе Бошкоски]] решил дека внатрепатриските извори нема да бидат фер и се решил за независна кандидатура за претседател.<ref name="предноминација 01">{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=BA6D830185B6F14FAC7E51315304D5E0|title=ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира за номинација на Иванов|accessdate=2016-07-12}}</ref><ref name="предноминација 02">{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=F2F8C816151CF748B25245277EF60DCE|title=Ѓорге Иванов ќе собира потписи |accessdate=2016-07-12}}</ref><ref name="архива нетпрес 140109">{{цитирана веб страница|url=http://www.time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=2009&d2=31&m2=01&y2=2009&all=1&fulltext=1&timeup=1&show=1&q=%D1%93%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B5%20%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2&read=2eac27638cb877c|title=ВМРО-ДП: Ѓорѓе Иванов за претседател|accessdate=2016-07-17}}</ref><ref name="архива нетпрес 140109">{{цитирана веб страница|url=http://www.time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=2009&d2=31&m2=01&y2=2009&all=1&fulltext=1&timeup=1&show=1&q=%D1%93%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B5%20%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2&read=2eac27638cb877c|title=ВМРО-ДП: Ѓорѓе Иванов за претседател|accessdate=2016-07-17}}</ref><ref name="утрински љубе">{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.mk/?ItemID=6EA70CB382423240974980A0038DDDD7|title=ВМРО-ДПМНЕ во тесно поради кандидатурата на Љубе Бошкоски|accessdate=2016-07-17}}</ref><ref name="утрински уметници">{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=EE24D72FD123EB4E9E5DDAA696985D14|title=Потписот на уметникот - ДДВ на политиката|accessdate=2016-07-20}}</ref> По кратки шпекулации дека [[ДУИ]] ќе го поддржи Иванов како заеднички кандидат во првиот круг, тие сепак потврдиле дека ќе го кандидираат [[Агрон Буџаку]] за претседател.<ref name="утрински ахметигруевски">{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=EC93DBFDC962AF4CA4967C1E76BF9BA7|title=Груевски тврди: Нема тајни договори со Ахмети|accessdate=2016-07-17}}</ref> СДСМ, кои во тој момент барале интерпелација на министерот за образование [[Перо Стојановски]], побарале и оставка од ректорите на трите универзитети бидејќи според нив било срамно тие да се потпишат на интерен партиски оглас.<ref name="архива утрински 160109">{{цитирана веб страница|url=http://www.time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=2009&d2=31&m2=01&y2=2009&all=1&fulltext=1&timeup=1&show=1&q=%D1%93%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B5%20%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2&read=9fb86026cd66793|title=Ректорските потписи за Иванов грев за оставка на Стојановски|accessdate=2016-07-17}}</ref> Набргу по поддршката од страна на академиците, сите вработени во МАНУ добиле двојно зголемување на примањата.<ref name="утрински ману">{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=0F44B437A7046845831BA48D8E049CDB|title=Власта ги награди академиците|accessdate=2016-07-17}}</ref>