Покајание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 1:
'''Покајание''' е постапка со која човекот која грешникот може да добие простување за направените гревови.
 
==Покајанието во христијанството==
Во оваа Света тајна, [[христијани]]те ги исповедуваат своите гревови направени по нивното [[крштевање]] пред [[свештеник]]от и преку него невидливо добиваат опростување на гревовите од [[Исус Христос]]. Секој христијанин, според канонските прописи е должен да ги исповеда своите гревови во дух на искрено покајание и цврсто ветување на [[Бог]], дека ќе се труди со сета своја сила да ги избегнува гревовите и нема да ги повторува истите. По исповедта свештеникот дава благослов за опростување на гревовите, нагласувајќи дека тоа го прави во името на [[Исус Христос]].
 
Ред 5 ⟶ 8:
{{cquote|Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат<ref>Јован 20, 22-23</ref>}}
Видливата страна на оваа Света тајна се состои во усмено исповедање на гревовите, благословот од свештеникот и одредените молитви. Невидливата страна се изразува во невидливо опростување на гревовите под дејство на благодатта Божја. За оваа Света тајна верниците се подготвуваат преку пост, [[молитва]] и правење добри дела. Потоа, испитување и сознавање на своите гревови, зашто без сознание на гревовите не е можно да има вистински покајание, потполно исповедување на грвовите пред свештеникот, крстот и иконата, со ветување дека ќе продолжи да живее според Божјите закони, бегајќи од гревот, а сé со цел да добие спасение на душата.
 
==Покајанието во средновековната пракса во Западна Европа==
Почнувајќи од [[6 век]], во [[Западна Европа]] се појавиле т.н. „[[покајнички книги]]“ (пенитенцијалии) кои претставувале список на гревовите заедно со соодветните црковни казни. На пример, човекот кој [[Убиство|убил]] некој роднина или го убил својот господар морал да пости долго време, а не смеел да јаде [[месо]] и да пие [[вино]], да се капи, да користи [[оружје]] (освен во војните против [[пагани]]те), како и да комуницира со другите [[христијани]]; ако таквиот покајник требало да патува некаде, морал да оди пеш, т.е. никако не смеел да јава [[коњ]] или да се вози со кочија. Инаку, казните за гревовите не биле ограничени само на [[пост]], [[молитва]] и неспиење, туку биле предвидени и различни други казни, како: спиење во вода, на [[коприви]] или на лушпи од ореви, спиење во студена [[Црква (објект)|црква]], па дури и во ковег заедно со мртовецот; потоа, стоење простум со раширени раце во форма на [[крст]], пеејќи стихови од [[Библија]]та (''palmatae''); удирање со [[Дланка|дланките]] по подот; камшикување или самокамшикување, итн. Уште повеќе, пенитенцијалите содржеле и некои необични казни: за рана нанесена на [[епископ]] или на [[кнез]], ако таа е видлива три години, требало да се плати колку што изнесувала цената на една [[роб]]инка; ако на епископот му била искорната косата, на виновникот требало да му се откорнат 12 влакна од [[Коса|косата]] за секое влакно на епископот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 57-58.</ref>
 
Во [[Среден век|средниот век]] била распространета една интересна појава во процесот на [[Покајание|покајување]] - можноста грешникот да изнајми друг човек кој врз себе би ја примил препишаната црковна казна. Така, во едни пенитенцијали напишани околи 830 година стоела одредбата дека лицата кои не се во состојба да постат, можеле да се откупат при што била одредена и цената за таквата замена: богатите требало да платат 20 солиди за седумнеделно покајание, за помалку богатите цената била 10 солиди, а за сиромашните три солиди. Слично на тоа, во Англија постоел обичајот според кој човекот осуден на покајание во траење од седум години можел да се „исчисти“ од гревовите за три дена, ако наместо него постеле најпрвин 12 луѓе по три дена, а потоа седумпати по 120 луѓе, исто така, за три дена, под услов да постеле само со вода, леб и зеленчук; на тој начин, постот продолжувал онолку дена колку има во седум години.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 57.</ref>
 
== Наводи ==