Северномакедонско наречје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Северномакедонското наречје''' е едно од трите наречја на македонскиот јазик. Ова наречје се зборува на територијата на северна и североисточна [[Македонија]], околу градовите [[Тетово]], [[Скопје]], [[Куманово]], [[Кратово]], [[Крива Паланка]] и [[Свети Николе]]. Наречјето се дели на две подгрупи и тоа: западна група и источна група.
 
== Дијалектни карактеристики ==
 
* Изедначување на еровите (големиот ъ со малиот ь) во еден глас /''ă''/ : ''дăш'', ''сăн'', ''лăн'', ''дăн'', ''котăл'';
* Замена на вторичниот ''ер'' (ъ<sup>2</sup>) со ''ă'' : ''лăже'', ''мăгла'', ''ветăр'', ''осăм'', ''рекăл;  ''
* Предлогот ''в'''''/'''''во'' во овие говори гласи '''у''': ''иде у школу, у грат;'' или во префикс: ''улезе, унутра, унук, удовац;''
* Старословенското ѫ речиси во сите позиции на зборот се заменило со '''у''' : ''рука, пут, иду, имау;''
* Старото вокално ''л'' е заменето со ''у'''/'''лу''/''ла'': ''јáбука, вýна, вук, слýза, слăнце, клăче, слăза/слуза''.
* Премин на ''е'' во ''а'' во зборовите : ''трáва, орá/ораф''.
* Наставка ''-у'' во општата форма кај именките на ''-а'': ''жену, њиву;''
* Наставка ''-ога'' во заменско-придавските форми: ''њéга, тóга, дóброга;''   '' ''
* Кај именките од женски род се јавува множинска наставка ''–е'': ''жене, шамие'';
* Во прво лице множина, сегашно време, се јавува наставка ''–мо'': ''óдимо, úдемо;''
* Наставка ''–в'' за трето лице множина: ''они úмав'';
* аставка ''–ше'' во трето лице множина, во аорист: ''они имáше''
* Протетично ''ј'' пред почетното ''е'': ''језúк'', ''јеш'';
* Наполно губење на гласот ''х'' од вокалниот систем: ''сóа, сиромá;''
* Се чува старото палантално ''л'' '''('''''l’''''')''': ''пóље, постéља'';
* Групата ''мн'' се разедначила во ''мл'': ''млозúна'';
* Групата ''мј'' се променила во ''мњ'': ''лáмња;''
* Наставка ''–ики'' за именките од среден род во множина: ''пилики, телики''
* Кратка заменска форма за женски и машки род ''гу'' и ''га'': ''њýма гу видó, њéга га видó;''
* Имперфектно-аористната наставка гласи ''–смо'' и ''–сте'': ''викáсмо, викáсте'';
* За минато-идно време присутна е формата ''теше''/''ќеше'': ''теше да úде'';
* Од предлозите покарактеристични за овие говори се: ''уз'', ''више'', ''проз'', ''из''...: ''уз рéку иде, више пýт, проз сéло пројдé, из грат се врнá;''
* Карактеристични именски суфикси за овие говори се: '''-'''''ача'', '''-'''''оња'', '''-'''''оќа''...: ''дебељáча'', ''сивóња'', ''простóка'', ''старóка'', ''самотúња''.
 
== Разлики меѓу овие говори ==
Постојат разлики и во рамките на самите северни говори, со што се укажува на тоа дека и овие говори не покажуваат апсолутно единство. Од една страна стојат говорите во источниот дел од северното наречје (кумановскиот, кратовскиот, кривопаланечкиот и овчеполскиот), кои се карактеризираат, главно, со: слободен акцент , употреба на една членска наставка (''-ат''), предлогот ''со'' овде е ''сас''/''сăс'' и други црти, со кои овие говори стојат поблиску до источните македонски говори. Од друга страна пак, говорите од западниот дел од ова наречје (скопскоцрногоркиот и тетовско-вратничкиот или долнополошкиот говор), ги одликува: третосложниот (фиксиран) акцент, губењето на интервокалното ''в'', употребата на троен член, со што се овие говори поблиску до западното македонско наречје.
 
== Дијалекти на северномакедонското наречје ==