Галички дијалект: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
 
== Територија ==
Дијалектот се зборува на територијата околу селото [[Галичник]] и во реонот нареченобласта Мала Река, каде спаѓаат и селата: [[Гари]], [[Лазарополе]], [[Сушица (Ростушка)|Сушица]], [[Тресонче]], [[Осој (Дебарско)|Осој]], [[Селце (Ростушко)|Селце]] и [[Росоки]]. Потоа малореканскиот говор се зборува и во двете села [[Ореше]] и [[Папрадиште (Велешко)|Папрадиште]], во областа [[Азот (област)|Азот]], [[Велешко]], во селото [[Смилево]], [[Железник]] и во [[Ехлоец]] во областа [[Копачка (област)|Копачка]], [[Кичевско]].
 
== Фонолошки карактеристики ==
 
* фиксиран акцент
* Во малореканскиот говор, за разлика од другите дебарски говори, има петочлен вокален систем: и                         у е                         о               а
* намалена употреба на согласката '''џ''', наместо неа се употребува '''ж'''
* Тој е единствен дебарски говор каде со слоготворна функција се јавуваат вокалните ''л'' и ''р'': ''врв, крв, прсти, срп, дрво''; ''влк, влци,'' ''јаблко, млзет, слза''.
* употреба на '''ј''' помеѓу две самогласки
* Во коренските морфеми носовката ѫ се рефлектира во ''о'': ''глобок, зоп, рока, јодица, доп, гобав, собота, гроди,'' како и во примерите со ''јѧ > јѫ'': ''Бодник, могла, моска, лога, ложица''.
* употреба на '''о''' наместо '''а'''
* Истата вредност се добива и во групите *''trъ'': ''ветор, итор, бистор'', ''*tlъ'': ''рекол, пекол'', ''tnъ: огон'' и ''tmъ'': ''седом, осом''.
* Во консонантскиот систем, како најспецифична диференцијална црта во однос на другите дебарски говори е тоа што овој говор не ги познава фонемите ''ѕ'' и ''џ''. Лексемите кои во другите говори и во стандардниот јазик се јавуваат со овие согласки, овде како нивна замена се употребуваат ''з'' и ''ж'': ''звезда, звер''; ''жеп, жамија, ожа, жигер, жам'' итн.
* Малореканскиот (галички) говор, заедно со велешкиот, се единствените говори во западното наречје, во кои редовно се чува ''в'' во интервокална позиција: ''човек, бивол, товар, ѓавол, ковач, Благовец'' итн.
* Консонантските групи *''tj *dj'' ги наоѓаме во гласовите ''ќ'' и ''ѓ'': ''меќава, вруќина,'' а во помал број случаи застапени се и разновидностите ''шч'' или ''ш'': ''лешча, плешчи, машче'', односно ''ж'': ''прежа'' (''преѓа''). И во другите случаи, за разлика од целото дебарско говорно подрачје консонантската група ''шт'' се јавува како ''шч'', а ''жд'' се скратила во ''ж'': ''гушчер, глужот'', ''дожот.''
* Консонантот ''њ'' во овој говор добро се чува и се јавува во оние примери во кои се јавува и во стандардниот јазик: ''коњ, коњче, бања, јадење, пилиња, планиње''.
* Во Дебарско Поле, Долна Река, Дримкол и Голо Брдо, консонантската група ''*čr-'' се јавува со резултат ''чǎр-'': ''чǎрпит, чǎрвец, чǎрвојадина,'' во Малесија како ''цǎр-'': ''цǎрн, цǎрвен'', а во Мала Река во сите осум села се јавува како ''цр-'': ''црв, црпет''.<ref>Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје</ref>
 
== Морфолошки карактеристики ==
 
* завршетокот на глаголите од а-групата често се изговараат како глаголи од е-група: ''играaт > играет''
* употреба на суфиксот -ајет за трето лице еднина
* употреба на трите членови: '''ќа'''човеков, немасточовекон, '''ќе'човекот.''
* употреба на наставката ''-т'' за трето лице еднина сегашно време: ''Тој одит, таа јадет...''
* употреба на трите членови
* употреба на наставкатапредлогот ''в/во'''' за трето лице еднина.
* Наставка ''-ови'' за образување множина на едносложните именки од машки род ''ови/еви'': ''град-градови, стол-столови, час-часови, цар-цареви, вол-волови'' итн.
* употреба на предлогот '''во'''.
* За разлика од сите околни говори, во малореканскиот карактеристични се и имперфективните образувања на ''-ува'' кои се јавуваат само во овој говор: ''кажуват, купуват, влегуват'' итн.
* Посебна индивидуалност на говорот покрај долината на Мала Река претставува тоа што основниот вокал во презентот, освен во трето лице еднина, се јавува и во трето лице множина: ''носиш / тој носит'' / ''ние носиме / вие носите / тие носит''; ''береш / тој берет / ние береме / вие берете / тие берет''.
* Глаголскиот прилог во малореканските села се употребува со наставката ''-еќи'': ''викаеќи, враќаеќи'', ''одееќи'' итн.<ref>Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје</ref>