Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

Повелете овде, се дискутира за придавките кои ќе се користат во иднина за нашата држава на англиската Википедија. https://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia_talk:Naming_conventions_(Macedonia)/2019_RFC#Summary_of_proposals_not_included_in_the_draft_(yet) [[User:Macedonicus|Macedonicus]] <small>([[User talk:Macedonicus|разговор]])</small> 12:40, 13 февруари 2019 (CET)
:Јас како што гледам, тие не само што самоиницијативно си ја внеле придавката „северномакедонски“ во инфокутијата, туку и ставиле кратенка „НМК“ на самиот почеток во статијата. --[[User:Ehrlich91|Ehrlich91]] <small>([[User talk:Ehrlich91|разговор]])</small> 13:46, 13 февруари 2019 (CET)
 
Анкетата за тоа кои придавки ќе се користат на англиската Википедија веројатно ќе започне утре, петок - 15. фев. 2018. За жал, во предлозите и покрај моето противење беше оставена и националноста како отворена опција. Имам впечаток дека двајца администратори со германско потекло фаворизираат „северномакедонци“ и „северномакедонски“, полесно ми беше да се разберам со Грците отколку со нив. Не сум среќен како е формулирана предлог-анкетата и што прашањето се третира чисто граматички, па инсистирам да има позадинско објаснување под секоја опција. Во меѓувреме со промената на името на статијата за државата, корисници почнаа да прават редиректи кои ја користат придавната форма и да има преименувања на придавната форма во самите статии - би било корисно доколку некој има време да одвои и да провери и да ги врати во претходна состојба.
 
Не знам што се случува со другите јазични изданија, но забележав дека на германската Википедија веќе има категорија 'Nordmazedonier' („северномакедонци“) која поминала без никаква дискусија. Не би било лошо некој кој зборува други јазици освен англиски да провери што се случува на другите изданија на Википедија и да се вклучи во дискусиите таму. --[[User:FlavrSavr|FlavrSavr]] <small>([[User talk:FlavrSavr|разговор]])</small> 13:03, 14 февруари 2019 (CET)
 
== Потребна ми е помош ==