Разлика помеѓу преработките на „Дебар“

Додадени 102 бајти ,  пред 1 година
Хан во 1865 години бележи дека градот Дебар имал 2 000 куќи со 10 000 жители, додека Шемседин во 1891 година запишал дека Дебар бил населен со 20 000 жители. Како што може да се забележи Дебар бил најмногу населен во XIX век, а најмногу поради тоа што градот бил важен сообраќаен крстопат и еден од најголемите македонски трговски центри. Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia. Во исто врмее градот ги опфаќал сите покраини од двете страни на средното течение на Црни Дрим - од [[Струга]] до [[Призрен]], од [[Тирана]] до [[Кичево]] и од [[Елбасан]] до [[Гостивар]]. Сето тоа му придавало големо значење на екномскиот центар на западната страна на Балканскиот Полуостров. Преку Дебар се движеле долги колони каравани во разни правци, за [[Албанија]], [[Солун]], [[Скопје]]. Најтесен контакт во трговски однос Дебар имал со [[Елбасан]], потоа со [[Битола]], [[Солун]] и [[Скопје]]. Во Дебар се внесувало жито, стока и манифактура, а се изнесувало знатно количество кожи и тоа најмногу од ситна стока, потоа гајтан и земјени садови. Дебар се развивал сè до поставувањето на границата меѓу Југославија и Албанија кога неговото значење почнува нагло да опаѓа. Во тој период Дебар ја изгубил својата моќ на трговски центар.
 
[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]Покрај трговијата, во Дебар било многу развиено занаетчиството. Најмногу развиени занаети биле којунџискиот, тервискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, потоа опинчарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Интересно е што со занаетчиство најмногу се занимавало само македонското население, додека албанското повеќе било трговско. Околното население повеќе се занимавало со земјоделство, а помалку со сточарство. Во почетокот на XIX век во Дебарско почнува да се развива печабарството. Ова печалбарство го предизвика феудалниот поредок. Земјата се наоѓала во рацете на агите и беговите. Неа ја обработувало бедното македонско население, помалу и албанското. Наградите за вложениот труд биле мизерни. И тие требало да бараат начини за својот и опстанокот на своите семејства. Започнале масовни печалбарски миграции во [[Бугарија]], [[Турција]], [[Србија]], [[Романија]], па и во [[Египет]] и [[Соединети Американски Држави|Америка]]. Некои од печалбарите сосема се иселувале од Дебар и останувале постојано да живеат во местата каде што работеле. Денес потомци на дебарчани има во [[Солун]], [[Софија]], [[Белград]], [[Букурешт]], а во [[Скопје]] има и свое маало - „[[Дебар Маало]]“.<ref>Градскиот дебарски говор,Панче Михаилов,Скопје,1974,стр.3-7</ref>
Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во [[Македонија]], [[Бугарија]], [[Србија]] па дури и во [[Русија]]. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник [[Григор Прличев]], кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.
 
[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари, во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „''Стамбол гори, Дебар го гради''“.
 
== Население ==
[[Податотека:Панорама на Дебар.jpg|мини|Панорама на Дебар]]
 
Во првиот организиран попис на [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|СФР Југославија]] од 1948 година, во Дебарскиот срез имало 25.231 жител, од кои 4.698 во градот Дебар, а 20.533 во селата ([[Дебарско Поле]], [[Голо Брдо]], [[Жупа]], [[Рекански регион|Река]], [[Малесија]]). Од етнички аспект, населението го сочинувале 14.516 (57,5 %) [[Македонци]], 7.485 (29,6%) [[Албанци]], 2.913 (11,5 %) [[Турци]], 267 (1,05 %) [[Роми]] и 50 останати.<ref>http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm</ref>