Риби: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Видови и карактеристики на морски риби
Одбиена последната промена (од Andrej stojkovic) и ја поврати преработката 3818303 на Ehrlich91
Ред 19:
 
Постојат околу 20 000 видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот [[педоциприс]] (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на [[Суматра]], па сѐ до 14 m долгата [[китовска ајкула]]. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за [[камуфлажа]]. Можат да се најдат во сите морски, слатководни и соленкасти води низ светот, на било која длабочина. Членовите на различните видови на риби толерираат [[Температура|температури]] на водата од замрзнување до преку 38 °C. Повеќето се или соленоводни или слатководни жители, но некои се физиолошки адаптирани за движење од една во друга водна средина. Поголем број од рибите родени во слатките води го минуваат животот како возрасни единки во [[океан]]от, враќајќи се во слатките води за да се мрестат; обратната миграција се случува кај некои риби од океанот. Многу риби остануваат во тесно организирани групи, а други се сами и се здружуваат само за време на мрестење и хранење. Рибите може да се [[месојад]]и, [[тревојад]]и или [[сештојад]]и. Некои риби се чистачи на езерските или океанските дна. Рибите се главен извор за човечка храна, [[рибино масло]], храна за домашните животни итн.
 
[[Податотека:Tiger Fish.JPG|мини|Риба тигар]]
Постојат членови на копнените вертебратни класи, како [[кит]]овите и [[Морска змија|морските змии]], кои се имаат адаптирано на водниот начин на живот, но не се риби. Тие дишат [[воздух]], а не растворен [[кислород]] и нивните анатомски карактеристики ја разоткриваат врската со копнените животни.
 
Рајата е врста на отровна и опасна риба која што е застапена во деловите на Тихиот и Атланскиот Океан . Можат да достигнат должина од 100 до 400 сантиметри . Се застапени на дното од океаните и се скриени во песокта . Овие риби се 'рскавични риби и се составени од долга опашка на која се наоѓаат остри боцки и содржат големо количество на отров и се составени од долг округлен дел . Опашките им служат како одбрана од различни видови на големи морски животни . Пример : ако ја нападне некоја ајкула таа ја дига опашката во висина и ја прободуба ајкулата . Овие риби се случува да нападнат луѓе , но често исеконите или некој мали прободи не се опасни , но ако прободе со поголема длабочина може да доведе до смртни случаи .
 
[[Податотека:Lion Fish (13002597384).jpg|мини|Риба лав]]
Арапаима е врста на риба која што е застапена во матните води во Реката Амазон . Долга е 3 метри и тежи околу 500 килограми . Оваа риба нема заби и не диши со помош на жабри .
 
[[Податотека:2015 09 Bali 59 a giant grouper (22080767242).jpg|мини|Џиновски групер]]
,, Надуената <nowiki>''</nowiki> риба се смета за еден од најпознатите отровни ‘рбетници во светот. Интересно е што оваа риба е деликатес во Јапонија. Сепак, доколку не успеете да ја зготвите правилно, нејзиниот отров ќе ја парализира вашата дијафрагма и ќе го сопре дишењето.
 
[[Податотека:Clown fish (1).jpg|мини|Риба кловн]]
Рибата камен е најотровната риба во светот и е застапена во деловите на Тихиот и Атланскиот Океан . Е наречена риба камен поради тоа што личи на бојата на каменот , има многу силна камуфлажа . Се наоѓа на дното од океанот . Таа има многу добри рефлекси во ловењето . Може да улови во период од 0,015 секунди . Пример : некој риби коишто поминуваат мислат дека е храна и дека можат да ја уловат , а на тој начин рибата камен ќе ја улови .
 
Ред 35:
 
Рибата паку е врста на вилична риба . Имаат многу голема уста . Се слични со пираните поради тоа што имаат заби , а забите се остри и се слични како кај човекот .
 
[[Податотека:Giant Black Sea Bass, San Clemente Island, Channel Islands, California.jpg|мини|Џиновски морски бас]]
Електричната јагула е врста на риба која што е застапена во дното на матните води во Реката Амазон . Е застапена во матните води поради тоа што има слаб вид . Електричната јагула е долга 2,5 метри и тежи 25 килограми . Електричната јагула е тенка со црна боја и создава електрицитет од 600 вати . Е наречена ,, електрична јагула <nowiki>''</nowiki> поради тоа што создава многу голем електрицитет за да го улови пленот и е тенка поради тоа што личи на јагулата , а всушност е риба . Електичната јагула и арапаимата не дишат со помош на жабри . Пример : кога некоја риба ќе пројде покрај нејзе , електричната јагула пред да ја нападне создава силен електицитет и кога ќе ја улови рибата таа ја шокира и на тој начин електричната јагула се храни .
 
Рибата лав е застапена во Индо - Пацификот . Долги се од 30 до 35 сантиметри . Се размножуваат на секои 4 дена , во последните години се зголемува бројот на риби во деловите на Суецкиот Канал и Средоземното Море . Годишно се создаваат над 2 милиони јајца . При мрестрењето , јајцата се наоѓаат површинско на водата . Рибата лав е опасна поради тоа што се составени од голем број на остри перки коишто се отровни и опасни за останатите животни , но не толку и за луѓето .
 
Џиновски морски бас е застапен во северните делови на Пацификот . Изнесува должина од 2,5 метри и тежи 255 килограми . За првпат е откриена во 1910 година во Калифорнија , а во близината на Калифорнија е регистрирано со 366 килограми тежина.
[[Податотека:Electric eel Electrophorus electricus.jpg|мини|Електрична јагула]]
Син танг е Индо-Пацифичка хируршка риба . Поточно е застапена во деловите на Индискиот Океан . Е наречена ,,  хируршка риба ‘’ поради тоа што краевите на опашката се многу остри , се остри како на еден хируршки склалпел .  Достигнуваат должина до 30 сантиметри . Краевите на опашката се со жолта боја , деловите на стомакот се со црно – светло сина боја , а деловите на вратот се со жолти точки и виолетова боја . 
 
Риба балон е застапена во деловите на Тихиот Океан. Е наречена риба балон поради тоа што има форма на балон, а површинските делови на епидермисот се составени од боцки. За нејзе е карактеристично тоа што со помош на горните и долните два заба на средината од устата се многу остри со што кога го напаѓа пленот го откинува месото.
[[Податотека:Arothron stellatus ballooned.jpg|мини|Риба балон]]
Риба волк е застапена во деловите на Тихиот Океан. Долга е 112 сантиметри и тежи 15 килограми. Риба волк има црна боја и е најгрдната риба во светот. Во деловите на градот Фукушима,Јапонија во 2015 година имало експлозија на атомска централа со што рибата болк мутирала од радиоактивното зрачење.
 
Риба тигар е риба којашто е застапена во реките во Африка( Конго) и слично. Долга е 1.5 метри и тежи 50 килограми. Главата има маслинеста боја, а останатиот дел од телото има сребрена боја. За неа е карактеристично тоа што има 32 големи и остри заби коишто сечат како хируршки скалпел со што го раскинува месото на пленот.
[[Податотека:Red Sea Stone Fish (34310136).jpeg|мини|Риба камен]]
Риба папагал е застапена во деловите на големиот корален гребен. Долга е од 50 до 100 сантиметри. Карактеристично за неа е тоа што има гоеми и остри забие со коишто ги дроби коралите и при нејзиното варење на храната ги исфрла во вид на песок. Покрај тоа што јаде тврди корали, забите не и се кршат и нејзиниот живот е 20 години. Покрај тоа што ги јаде коралите, таа ги чисти коралите од узумрените мали животни.
 
Риба мандарина е една од најубавите морски риби во светот. Има шарени и живописни бои. Обично таа се чува во аквариумите. Застапена е во деловите на Тихиот Океан, поточно во големиот корален гребен.
 
Џиновски групер или Квинслендски групер е најголемата коскена риба во големиот корален гребен, Квинсленд=Австралија, пронајдена на длабочина од 100 метри. Долга е 2.7 метри и тежи 400 килограми.
 
Риба кловн е застапена во деловите на големиот корален гребен, во Австралија(североисточни делови на Квинсленд). Долга е од 10 до 15 сантиметри и наречена е риба кловн поради тоа што има портокалова и бела боја како кловнот.
 
Големата бела ајкула е најголемата ајкула во светот . Е застапена во сите океани , а најмногу е застапена во деловите на Јужна Африка и северозападните делови на Австралија . Долга е 6 метри и тежи околу 2,268 килограми и има многу голема уста , голем број на остри и големи заби .
 
Делфините се животни коишто припаѓаат во класата на цицачи . Долги се од 1,2 метри и тежат 40 килограми до должина од 9,5 метри и тежина од 10 тони . Се застапени во мориња или океани , во плитки предели . Имаат висока интелингенција , спасуваат луѓе од опасни и крволочни ајкули и се дружељубиви со лугето .
 
== Морфолошки и анатомски особености ==
Ред 70 ⟶ 48:
 
Многу риби се движат низ водата со брановидни движења на нивните тела и ја контролираат насоката на движењето со помош на перките. Сите имаат [[кожа]] прекриена со лигава [[Жлезда|жлездеста]] секреција која го намалува триењето со водата, како и крлушки, кои заедно со мукозната секреција формираат речиси непропустлива за вода обвивка. Сите риби имаат страничен систем на сензорни органи за детекција на промени на [[притисок]]от во водата. Поседуваат и [[жабри]] за [[дишење]] лоцирани во канали кои водат од голтникот до надворешноста; неколку риби исто така имаат бели дробови како додатни структури за респирација. Освен во примитивните класи, во сите други жабрените канали се поддржани со скелетни структури наречени жабрени лаци. Рибите кои се хранат со [[планктон]] имаат мрежовидни структури на жабрите кои ги собираат малите организми. Рибите дишат со земање на вода во устата, која потоа се продолжува низ жабрите надвор; како што водата минува низ тенкоѕидните жабри, растворениот кислород [[Дифузија|дифундира]] низ жабрените [[капилар]]и, а [[јаглерод диоксид]]от дифундира во надворешната средина. [[Циркулаторен систем|Циркулаторниот систем]] е од затворен тип, така што постои двокоморно [[срце]]. [[Крв]]та е црвена. Со неколку исклучоци, рибите се ладнокрвни (поикилотермни организми), односно тие не можат да ја регулираат нивната телесна температура, која е иста како таа на околината.
 
[[Податотека:Piranha-serrasalmus manueli 01.jpg|мини|Пирана]]
Телото на рибите е покриено со многуслојна кожа. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата. Површината на рибите е покриена со варовикови стргунки различни по форма и големина, кои имаат заштитна улога.
 
Ред 108 ⟶ 86:
 
== Начин на исхрана и систем за варење храна ==
[[Податотека:Parrot fish on coral reefs (27324293082).jpg|мини|Риба папагал]]
Прв орган од системот за варење кај рибите, со кој ја зема храната, е уснатапразнина. Устата кај рибите се состои од горна неподвижна вилица на која често се наоѓаат мустачиња (пипала), што им служат како сетило за допир и им помагаат во барањето на храната; долна подвижна вилица, на која кај некои риби имаат заби и служат за прифаќање на пленот, но не и за ситнење на храната. Потоа следува грло (голтка) во кое со помош на жабрените заби се ситни храната. Од грлото храната се внесува преку хранопроводот во желудникот каде се ситни и вари. Желудникот продолжува во средно - тенко црево каде се доварува храната со помош на цревните сокови и соковите од црниот дроб (жолчни сокови). Тенкото црево продолжува во задно црево кое завршува со анален отвор.
Рибите најчесто се сештојади, но има и риби кои се хранат со месо, а тоа се рскавичните риби.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Риби