Јохан Волфганг фон Гете: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎За творештвото: дополнување
Ред 22:
Гете починал во [[Вајмар]], на [[22 март]] [[1832]] година.
 
== Творештво ==
== За творештвото ==
===Периодизација на творештвото на Гете===
Големиот опус на Гете може хронолошки да се подели на три периода:
* Првиот период ги опфаќа творбите напишани во неговата младост, како што се: „Книгата за Анета“, „Лајпцишка книга со песни“ (1768-1769), „Наумничавоста на вљубените“ (1768-1769), „Совиновниците“ (1767-1769), „За германската архитектура“ (1771), „Штрасбуршка лирика“ (1771), „По повод Шекспировиот ден“ (1772), „Гец фон Берлихинген“ (1772), „Клавиго“ (1774), „Страдањата на младиот Вертер“ (1774) и „Стела“ (1775).
* Вториот период од неговото творештво го означува свртувањето кон класицизмот и ги опфаќа делата: „Вајмарската лирика“ (1776-1778), „Тајни“ (1784-1785), „Ифигенија на Таурис“ (1787), „[[Егмонт (Гете)|Егмонт]]“ (1787), „Тасо“ (1790), „Фауст, еден фрагмент“ (1790), „[[Годините на учењето на Вилхелм Мајстер]]“ (1795-1796), „[[Римски елегии]]“ (1795), „Венецијански епиграми“ (1796), „Ксении“ (1797), „Херман и Доротеја“ (1798) и „Балади“ (1798).
* Третиот период ги опфаќа делата напишани во староста, како: „Фауст, прв дел“ (1808), „Душевни сродности“ (1809), „За науката на боите“ (1810), „[[Поезијата и вистината]]“ (1811-1833), „Италијански патувања“ (1816-1817), „[[Западно-источен диван]]“ (1819), „[[Годините на патувањата на Вилхелм Мајстер]]“ (1821), „[[Мариенбадските елегии]]“ (1823), „Фауст, втор дел“ (1832).
 
 
===Раното творештво===
Гете започнал да пишува [[поезија]] под влијание на лектирата, особено германските и француските автори. Неговите први песни имаат претежно духовен и пригоден карактер и директно се под влијание на германските поети од [[18 век]]. Водејќи се од тогашната литературна мода, во [[Лајпциг, Гете]] ја објавил својата прва збирка песни во анакреонтичарски дух, „Анета“, а потоа напишал и една симпатична игра со наслов „Табиетите на вљубениот“ во која ги опишал својот однос и љубомората кон Кетхен Шенкопф, ќерката на еден гостилничар од Лајпциг. Неговата поезија од овој период е во „[[рококо]]“-стил и во неа Гете ги слави [[вино]]то, [[љубов]]та и [[Епикуризам|епикурејскиот]] начин на живот. Но, во следната збирка „Нови песни“ и во малата рококо-[[комедија]] „Совиновници“ (напишана по враќањето од Лајпциг во Франкфурт), Гете се јавуваат првите знаци на ослободувањето од рококо-стилот и преминот кон други теми. Подоцна, за време на престојот во Стразбур, Гете започнал да пишува силни песни, исполнети со непосредност, природност и вистинитост, во кои тој настојува да ги ослободи своите чувства преку еден вид поетски исповеди. Притоа, покрај песните во наивен тон во стилот на народните песни (како „Ружа на ридот“ или „Кралот во Тула“), кај него се развиваат и слободните ритми кои тој ги користи пишувајќи химни за големите луѓе (како „Прометеј“, „Песна за Мухамед“, „Ганимед“). Заедно со песните посветени на Фридерика Брион, овие [[Химна|химни]] ги претставуваат најполетните и најубавите стихови на Гете од времето на „бујноста и вриењето“ (''Sturm und Drang''). По враќањето во Франкфурт, во [[1773]] година Гете го објавил своето прво поголемо дело, кое му донесло поширока слава - [[драма]]та „[[Гец фон Берлихинген]]“.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 115-117.</ref>
 
=== „Гец фон Берлихинген“ ===
Ред 55 ⟶ 61:
Под влијание на [[Француска револуција|Француската револуција]], Гете напишал неколку помали, често недовршени, дела, а во [[1792]] година го објавил и делото „Војна во Франција“. Исто така, како реакција на сè поголемиот егоизам во тогашното општество, во [[1793]] година го препеал долногерманскиот [[еп]] „[[Лисецот Рајнеке]]“, во хексаметарски стихови. Во [[1794]] година, Гете се зближил со Шилер, со што започнала нивната книжевна соработка: до [[1799]] година, тие интензивно се допишувале, а потоа Гете соработувал со списанијата на Шилер; исто така, двајцата напишале и циклус епиграми во кои ги исмеале медиокритетството и негативните појави во книжевноста; нивната соработка го доживеала врвот во [[1797]] година, кога двајцата ги напишале најубавите класични балади. Така, Гете ги создал незаборавните „Коринтската невеста“, „Копачот на богатство“, „Ученикот на волшебникот“, „Бог и бајадерата“ итн. Во [[1796]] година, Гете го завршил романот „[[Годините на учењето на Вилхелм Мајстер]]“ во кој пишувал за разни воспитни проблеми. Од тоа време потекнува и идиличниот еп во хексаметри „[[Херман и Доротеа]]“ во кој се слават семејниот живот и брачната љубов.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 120.</ref>
 
На преминот од 18 кон [[19 век]] Гете пишувал многу малку, бидејќи бил посветен на научната работа од која произлегло делото „Наука за боите“ од [[1810]] година. Првото поголемо поетско дело го објавил во [[1809]] година - [[Роман|романот]] „[[Избор по сродноста]]“ во кои пишува за привлекувањето и борбата меѓу човечките склоности и [[Етика|етички]] принципи. Потоа, тој започнал да ја пишува својата [[автобиографија]], но го завршил само првиот дел „Од мојот живот“, со поднаслов „Поезијата и вистината“, во кој се зборува за неговиот живот од раѓањето до преминот во Вајмар. Подоцнежните фази од животот Гете ги изнесол во делата „Патување низ Италија“, „Патот во Швајцарија 1797. година“, „Војната во Франција“ и во неколку помали дела. Зголемениот интерес за персиската лирика, особено за поетот Хафис, нашло одраз во збирката „Западно-источен диван“, а до крајот на животот успеал да заврши уште две дела на кои работел подолг период: романот „[[Годините на патувањата на Вилхелм Мајстер]]“ од [[1821]] година, каде што ги искажува своите погледи за моралното воспитување на човекот, и вториот дел на “Фауст“, завршен непосредно пред неговата смрт. Според многу критичари, овие две дела не ја достигнале висината на неговите претходни дела. Најпосле, меѓу лирските дела од последната творечка фаза на Гете се издвојува „Мариенбадската елегија“ од [[1823]] година, како свидетелство за неговото самопрегорно откажување од среќата. Другите песни од овој период се одликуваат со многу рефлексии и гатанки, така што се тешки за толкување. Според симболизмот и параболичното значење особено се истакнуваат неговите „[[Максими и рефлексии]]“, кои се формулирани десет години пред неговата смрт.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 121-122.</ref>
 
Во последните децении на својот живот Гете се интересирал и за народното творештво. Всушност, уште во младоста тој ја препеал српската народна песна „[[Хасанагиница]]“ за потребите на Хердеровата збирка на народни песни. Подоцна, благодарение на [[браќата Грим]], неговиот интерес уште повеќе за зголемил и тој често објавувал разни статии, рецензии и белешки за народната поезија.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 122.</ref>