Парфем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - евтин
поврзница трендафил
Ред 16:
Арапскиот хемичар Ал-Кинди (Alkindus), во IX век напишал книга за парфеми која ја нарекол ''Книга за хемијата на парфемите и дестилациите''. Книгата содржела повеќе од сто рецепти за миризливи масла, мевлеми, ароматични води и замени или имитации на скапи дроги. Книгата исто така ги опишувала 107те методи и рецепти за произведување на парфем и опремата која е потребна за тоа, како на пример алембикот (кој сè уште го носи своето арапско име).
 
ПерсијскиотПерсискиот хемичар Ибн Сина (уште познат како Авиценна) го вовел процесот на екстракција на масло од цветовите со дестилација, денес најчесто употребуван метод. Тој најпрво експериментирал со [[трендафил]]. Пред неговото откритие, течните парфеми биле мешавина од масло и здробени билки или ливчиња од цвет, што претставувало силна смеса. Водата од трендафилите била понежна и веднаш станала популарна. Двете суровински состојки и технологијата на дестилирање значително влијаеле врз производството на парфеми и научните достигнувања на Запад, особено во хемијата.
 
Уметноста на создавањето на парфеми се практикувала во Западна Европа уште од 1221 година, доколку се земат во предвид рецептите на монасите од Санта Мариа деле Виње или Санта Мариа Новела во Фиренца, Италија. На Истокот, во 1370 година Унгарите произвеле парфем направен од миризливи масла помешани во алкохолен раствор, по наредба на Кралицата Елизабета од Унгарија, познат како Унгарска вода. Уметноста на создавање на парфеми напредувала во Ренесансната Италија, а во XVI век италијанската префинетост била одведена во Франција од страна на личниот произведувач на парфеми на кралицата Катарина Де Медичи, Рене од Фиренца (Renato il fiorentino). Неговата лабораторија била поврзана со собите на кралицата преку таен премин, за да се избегне ризикот од можна кражба на формулите. Благодарение на Рене, Франција брзо станала еден од европските центри за производство на парфеми и козметика. Култивирањето на цветови поради нивниот мирис, што започнало во XIV век, прераснало во огромна индустрија во Западна Франција. Во периодот помеѓу XVI и XVII век, парфеми користеле главно богатите за да го прикријат лошиот мирис на телото, кој бил резултат на нередовното капење. Делумно поради ова и била создадена индустријата за производство на парфеми. Во Германија, италијанскиот бербер Џовани Паоло Феминис создал парфимирана вода наречена Aqua Admirabilis, денес позната како колоњска вода (eau de cologne), а неговиот внук Џовани Мариа Фарина во 1732 година го преземал бизнисот. До XVIII век, ароматични растенија биле одгледувани во регионот Грас во Франција, на Сицилија и во Калабрија, Италија, за снабдување на растечката индустрија на парфеми со суровини. Дури и денес, Италија и Франција се центри на европскиот дизајн и трговија со парфеми.
Ред 118:
• '''Листови и гранки''': Најчесто употребувани во производството на парфеми се листот од лавандер, пачули, жалфија, темјанушка, рузмарин и цитруси. Понекогаш листовите од растенијата се виновниците за “зелениот” мирис на парфемите. Примери за ова се сеното и листовите на доматот.
 
• '''Смола''': Ценета уште од старите времиња, смолата била нашироко користена за добивањето на миризливи стапчиња и во производството на парфеми. Многу култури ја употребувале високо ароматичната и антисептична смола како и парфемите кои содржеле смола како лекови за голем број болести. Најчесто употребувани смоли во производството на парфеми се labdanum, frankincense/olibanum, myrrh, Peru balsam, gum benzoin. Смолата на дабот и елата е особено ценет извор на терпени, кои се користат во органската синтеза на многу други синтетички или природно добиени ароматични соединенија. Килибарот[[Килибар]]от и копалот се всушност секрет на смолата од иглолисните растенија.
 
• '''Корења, ризоми и луковици''': денес често користени земјени зеленчуци или делови на зеленчуци во производството на парфеми се ризоми на перуника, корени од трева од родот Chrysopogon и разни ризоми од фамилијата на ѓумбирот.
Ред 185:
!|Оригиналност на мирисот
|Нивниот мирис има мала сличност со мирисот на нивниот извор, што зависи од тоа како методот на екстракција ги денатурира ароматичните соединенија.
|Доколку соединенијата се исти, имаат сличен мирис со мирисот на парфемите од природни ароматици. Нови ароматични соединенија што не може да се најдат во природата имаат единствен мирис, различен од мирисот на било кои било природни ароматици.
|-
!|Сложеност на мирисот
Ред 260:
Миризливите масла обично содржат десетина до стотина состојки кои се распоредени според специфичната улога што ја играат. Овие состојки грубо се групирани во четири групи:
 
• ''Примарни мириси'': содржат една или две главни состојки за постигнување на одредена замисла, како на пример “замисла за мирис на трендафил”. Како алтернатива, може да се употребат повеќе состојки за создавање на “апстрактен” примарен мирис кој ќе се разликува од било која било природна состојка. На пример, мирисите од јасминот и трендафилот се смеси за добивање на апстрактен цветен мирис. Флаворантот на Кока Кола е пример за апстрактен примарен мирис.
 
• ''Модификатори'': Овие состојки го менуваат примарниот мирис со цел да му го дадат на парфемот посакуваниот карактер: на пример, овошните естери се додаваат на примарниот цветен мирис за да се добие овошно-цветен мирис; калонот и цитрусниот мирис се додаваат за да се добие посвеж цветен мирис. Мирисот на Кока Кола од цреша може да се смета за модификатор.
Ред 268:
• ''Фиксири'': се користат за зајакнување на примарниот мирис. Многу смоли, мириси од дрво и основи на килибар се користат како фиксири.
 
Горните, средните и основните ноти на парфемот можат да имаат посебни примарни и споредни состојки. Миризливите масла на парфемот потоа се мешаат со етил алкохол и вода, се оставаат на неколку недели во садови за течност да добијат на старост и се филтрираат за да ги стабилизираат состојките на парфемот во смесата и да се отстрани било каков било талог или честици пред растворот да се тури во шишето со парфем.
 
==== Мирисни основи ====
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Парфем