Куќа на Робевци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
za podoba napredok
Ред 29:
{{coor title dms|41|06|44.33|N|20|47|46.35|E|region:MK_type:landmark}}
 
'''al'efhlakjdshfo udfh Куќата на Робевци''' во [[Охрид]] се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на [[Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид]] и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.
 
[[Тодор Петков]] од с. [[Гари]], Дебарско, е мајсторот - градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симболична архитектонска целина. Куќата била изградена во 1825 година по што била опожарена и повторно изградена следната година.
Ред 40:
 
== Историја на куќата ==
[[Податотека:Anastas Robev and Wife.jpg|мини|лево|Атанас Робев и неговата жена, средина на XIX век|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Anastas_Robev_and_Wife.jpg]]
 
Името на познатото [[Македонци|македонско]] семејство со потекло од [[Охрид]] Робевци за прв пат се споменува во 1379 година на една надгробна плоча пишувана со црковно словенско писмо во дворното место на [[Св. Богородица Перивлепта]] (Св. Климент). Градењето на првобитната куќа на Робевци било завршено на 15 април 1827 година, а за тоа зборува натписот со грчко писмо на една мермерна плоча која се наоѓа вградена во магазата (магацинот) на дворното место. Ова познато охридско трговско семејство во куќата живеело 35 години, поточно до 1861-1862 година, кога познатиот злосторник од Охрид, Устреф бег ја запалил до темел.
 
[[Податотека:Robevata Kashta 1916 Georgi Traychev.jpg|мини|десно|Ентериерот во куќата на Робевци во 1916 год.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Robevata_Kashta_1916_Georgi_Traychev.jpg]]
Две години подоцна, во 1863 - 1864 година била изградена денешната куќа и тоа во левата половина живеел Константин Робе, а во десната Атанас Робе. Како главен градител бил ангажиран [[Тодор Петков]] (1814 - 1899) од с. [[Гари]], кој потекнувал од познатиот копаничарско - резбарски род Огненовци. Под негово раководство бил изработен и внатрешниот ентериер - таваните, долапите и другите украсни елементи кои биле направени од резба. Во вака изградената куќа семејството Робевци живеело се до 1900 година кога се преселиле во [[Битола]], а во Охрид доаѓале само во летните месеци.