Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Sofiarepin.jpg со Image:Sophia_Alekseyevna,_by_Ilya_Repin.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: Criterion 6 (maintenanc...
Luna988 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 34:
'''Петар I Алексеевич''' или '''Петар Велики''' ([[руски јазик|руски]]: ''Пётр I Алексеевич''; ''Пётр Великий''; [[Москва]], [[9 јуни]] [[1672]] - [[Санкт Петербург]], [[8 февруари]] [[1725]] според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]], или [[30 мај]] [[1672]] — [[28 јануари]] [[1725]] според [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]]) — [[цар на Русија]] кој владеел со неа од [[7 мај]] ([[27 април]] според јулијанскиот календар) [[1682]], па сѐ до својата смрт во [[1725]].
 
На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат [[Иван V]], кој умрел во [[1696]]. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушулзадушил сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.<ref name="HyV">-{Martínez Laínez F. Pedro I el Grande. Historia y Vida; 38(461):64-73.}-</ref>.
 
Петар владеел сам до [[1724]] година, а потоа владеел заедно со својата сопруга [[Екатерина I]]. Тој бил модернизатор на заостанатата [[феудализам|феудална]] Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка [[Европа|европска]] сила во тоа време<ref name="HyV"/>. Ја одбил титулата [[цар]] во [[1721]] и ја заменил со титулата „император“
Ред 48:
Додека Софија била регент, Петар со својата мајка и луѓето кои му биле блиски живеел во дворците во околината на Москва, а најмногу во селото Пребраженско,<ref name="2.1">[http://www.znanje.org/i/i21/01iv10/01iv1022m/poceta%20uprave.htm Петар Велики. Почеток на владеењето на Петар Велики. -{www.znanje.org}-]</ref> каде што времето го поминувал вежбајќи и обучувајќи се во воените вештини со своите другари. Со тек на време, тој формирал своја воена единица, составена од војници, кои му биле верни, кои ги нарекол „Преображенски“ и „Семјоновски“<ref name="2.1"/>, според дворците во кои живеел со својата мајка. Неговите луѓе го сакале и му биле верни, бидејќи тој ги сметал за пријатели и многу добро постапувал со нив. Голема љубов и интерес имал во изградбата на бродови и пловидбата воопшто, на што го нучил еден Холанѓанец, кого го запознал во „германската населба“, сместена надвор од градот, каде живееле странци<ref name="HyV"/>.
 
Во [[1689]] година, мајка му организиралорганизирала свадба со [[Евдокија Лопухина]]. Но, бракот не бил како што треба, па по 10 години, Петар ја принудил сопругата да се откаже од бракот и да се замонаши<ref name="HyV"/>.
 
Кога Петар наполнил 17 години, Софија сфатила дека и се заканува опасност, па започнала да врши промени на дворот, заедно со стрелците. Кога дознал за намерите на Софија, Петар заминал во манастирот св.Троица Сергеевска, а потоа ги повикал своите два полка, кои биле дел од некои одреди на војската и од стрелците. Софија била сменета на престолот и затворена во женски манастир<ref name="2.1"/>.
Ред 61:
Годината [[1695]] била особено значајна во животот на Петар. Во неа, тој започнал да владее самостојно. Нему му било многу јасно дека Русија не може да се носи со големите европски сили, ако не ја надмине својата заостанатост. Во прв ред, тој се стремел на Русија да и обезбеди излез на море<ref name="HyV"/>и да ја наруши културната и економска изолираност со другите европски земји.<ref name="2.1"/>
 
Во тоа време, Русија имала излез, само на [[Бело Море (Русија)|Белото Море]]. [[Шведска]] го контролирала [[Балтичко Море|Балтичкото Море]], а контрола над [[Касписко езеро|Каспиското езероЕзеро]], Петар можел да добие само ако ги потиснел [[Татари]]те од околните места. Затоа, тој бил принуден да војува со нив на [[Крим]], кој во тоа време бил под [[Османлиско царство|Османлискаосманлиска власт]]. Негова главна цел била да го заземе градот [[Азов]], којшто во тоа време бил османлиско утврдување на реката [[Дон]]. Летото [[1695]], Петар го нападнал [[Азов]], но нападот бил одбиен. Во ноември истата година, Петар, поучен од неуспехот изградил мала флота во Вороњеж,<ref name="2.1"/> чија команда му ја доверил на Лефорт, кој во јули [[1696]] го зазел градот Азов,<ref name="HyV"/> со што Русија добила излез на [[Азовско Море|Азовското]] и [[Црно Море|Црното Море]].<ref name="2.1"/>
 
=== Патот во Европа и побуната на „стрелците“ ===
[[Податотека:Sophia Alekseyevna, by Ilya Repin.jpg|мини|200п|[[Софија Алексеевна]] ([[1698]]), масло на платно ([[Илја Репин]], [[1879]])]]
За да го задржи Азов, Петар сфатил дека мора да формира голема флота, за чија изградба не располагал со доволно инженери, како ни морнари ни поморски офицери. Тој, веднаш испратил на обука за поморство, навигација и бродоградба стотина болјари во [[Англија]], [[Холандија]] и [[Италија]].<ref name="2.1"/> Кога се дознало дека и самиот цар сака да патува во странство, некои водачи ([[Козаци]]), како и некои „стрелци“ имале во план да го убијат, меѓутоа Петар го откриилоткрил заговорот на време и жестоко се пресметал со заговорниците. Стотина заговорници биле однесени на [[Кремљски плоштад|Кремљскиот плоштад]] каде што биле запалени или им била отсечена главата<ref name="HyV"/>.
 
Дознавајќи и интересирајќи сѐ повеќе за западниот начин на живот и западната технологија, Петар во 1697, тргнал на пат за Европа, придружуван од бројна делегација на советници (т.н. „Голема амбасада“). Тој сакал, што е можно подобро да се запознае со обичаите на западните земји зада може да ги примени во својата земја. Патувал како Петар Михајлович<ref name="HyV"/>, иако на дворот кој го посетувал неговиот вистински идентитет бил познат и добуивалдобивал третман достоен за неговата позиција. Одредено време работел како дрводелец и бродоградител во [[Амстердам]], а подоцна и во Англија, во близина на [[Лондон]]. Ги посетил главните градови на [[Германија]] и [[Австрија]], а разговарал и со британскиот крал [[Вилијам III] и се запознал со англиското општество, за кое Петар сметал дека е над сите, бидејќи никогаш не се видело кралот да пуши и пие по крчми, заедно со морнарите<ref name="HyV"/>. Петар патувањето го искористил и за да изнајми стотици техничари и офицери од странство, кои требале со своите знаења да помогнат во [[Руска империја|Русија]]. Петар се стекнал и со големо знаење во областа на [[бродоградба]]та и [[картографија]]та.
 
Од друга страна, Петар сакал да се обиде да добие помош и подршка од европските владетели во борбата против моќното [[Османлиско царство|Османлиско Царство]]. Меѓутоа неговите надежи станале јалови; Франција била традиционален сојузник на османлискиот султан, а Австрија настојувала да одржува мир на истокот за да може да војува на западот. Освен тоа, Петар избрал прилично лош момент за својата дипломатска офанзива: во тоа време Европа повеќе размислувала за тоа, кој ќе застане на шпанскиот престол, по смртта на кралот [[Карлос II од Шпанија|Карлос II]], отколку да војува со Османлиската империјаИмперија.
 
Неговата посета, изненадувачки била прекината во [[1698]] година, кога поради побуната на „стрелците“, бил принуден да го прекине своето патување низ Европа и да се врати во Русија. Меѓутоа, побуната била лесно задушена, дури и пред Петар да се врати дома. Тогаш, Петар останал во [[Полска]], каде се запознал со полскиот крал [[Август II]], со кого склучиј сојуз пред престојната војна со Шведска, чија цел била Русија да обезбеди излез на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]].
Ред 75:
=== Првите реформи ===
[[Податотека:Peter_de_Grote.jpg|мини|лево|200п|Петар Велики, портрет ([[Жан Марк Натие]], [[1717]])]]
Кога се вратил во Москва, Петар најпрвин се пресметал со побунетите. „Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир<ref name="HyV"/>. Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра Софија<ref name="HyV"/>, која била доживотно затворена во манастир. Тој исто така го завршил својот 17-години неуспешен брак. Ја натерал Евдокија да се откаже од бракот и да отиде во манастир.<ref name="HyV"/>. Таа на Петар му родила 3 сина, а само еден, Алексеј преживеал, кој на 8 години бил одвоен од својата мајка. Односите меѓу таткото и синот биле сѐ полоши. Алексеј ја одбивал секоја послушност на царот, а Петар скоро секој ден го тепал<ref name="HyV"/>.
 
Петровата посета на западнаЗападна Европа го уверила дека многу европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски. Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат брадите за да изгледаат според најновата европска мода<ref name="HyV"/>. Ова наредба не важела само за свештениците, обработувачите на земја и кочијашите<ref name="2.1"/>. На болјарите им наредил да ги скратат своите долги ракави и кафтаните (традиционална московска долна облека). На еден прием, кој го приредил по враќањето од странство, со ножички им ја сечел брадата на благородниците, без оглед на тоа што во Русија носењето на брада имало и верско значење и што црквата забранувала бричење на брадата<ref name="2.1"/>.
 
Ова не биле единствените промени, кои ги вовел во руското општество. Веројатно поучен од своето искуство, Петар сметал дека договорените бракови сосе варварски обичај<ref>-{Basil Dmytryshyn, Modernization of Russia Under Peter I and Catherine II (Wiley, 1974) p.21}-</ref> и треба да се забранат, протвпротив волјата на идните сопружници и прогласил, задолжително идните сопружници да бидат верени најмалку шест седмици, време во кое би можеле слободно да се гледаат и подобро да се запознаат<ref name="HyV"/>. Исто така им наредил на своите дворјани да приредуваат забави според европски обичаи, а жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била отстранета традиционалната изолираност на жените која што постоела до тогаш<ref name="2.1"/>.
 
Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди. На благородништвото му наредил задолжителна служба на државата, како во администрацијата, така и во војската, а воената хиерархија ја уредил така што унапредувањето било вршено според заслугите, а не потеклото. Така, секој којшто имал големи заслуги бил унапредуван, а можел да достигне и високи воени чинови<ref name="HyV"/>. Тој, исто така вовел и задолжителна воена служба, со што создал војска од 300.000 постојани војници, морнарица и резервисти.
 
За да може да издржува толку бројна војска, тој морал да изврши промени и во земјоделството и индустријата. Изградил и отворил многу нови фабрики, бродоградилишта и работилници, кои имале привилегии и државни субвенции. Петар создал економски ситем, во кој сѐ му било подредено на владетелот. Царот имал монопол над основните производи, како што биле катранот, кожата и свилата од Сибир<ref name="HyV"/>. Работната сила била обезбедувана, така што на трговците и сопствениците на фабрики и рудници им било дозволено да купуваат цели села, со сите нивни жители, кои морале да работат на имотот на господарот.
Ред 97:
Решен да ѝ обезбеди на Русија излез на Балтичкото Море, а со тоа и излез кон западна Европа, Петар склучил мир со Османлиското царство<ref name="HyV"/> и ѝ објавил војна на Шведска, со која тогаш владеел кралот [[Карло XII]]. Русија основала коалиција, во која влегле [[Данска]], [[Полска]], [[Бранденбург]] и [[Хановер]]<ref name="3.1"/>. Добро подготвената шведска војска, лесно го спречила првиот руски обид за заземање на брегот на Балтичкото Морето со победата во [[битката кај Нарва|битка кај Нарва]] во [[1700]] година.Во опсадата на Нарв, очигледни биле многу недостатоци на руската војска во поглед на организацијата, воената техника и снабдувањето. Карло XII за половина час со своите 12.000 војници ја победил побројната руска војска од 40.000 војници, заробувајќи многу плен и целата руска артилерија<ref name="3.1"/>.
 
Наредните години, Русија не се осмелила повторно да ја нападне Шведска, така што Шведска морала да се насочи кон освојување на Полска и Прусија. Петар се оддал на реорганизирање на својата војска и изградил флота. За да надомести за изгубената артилерија, тој наредил, од секоја трета црква во Русија да се откинат ѕвоната и да се претворат во топови<ref name="3.1"/>. Војската била организираниорганизирана според западноевропски пример, а била воспоставена и воена обврска. Благородниците веќе не можеле во таа војска да станат офицери, додека не се стекнеле со стаж на обични војници. Странските војници и офицери биле заменети со Руси.
 
Засилената руска војска ја освоила денешна [[Естонија]], но Карло XII и покрај тоа, ги продолжил војните против Полска и Прусија. Во периодот од 1701 до 1704, Петар заземал доста утврдувања и градови на брегот на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]: [[Дерпт]], [[Нарва]] и [[Иванград]], а на [[Ладога|Ладошкото езеро]] изградил бродоградилиште и започнал со изградбата на флота, потребна за поморската војна против Шведска<ref name="3.1"/>.
 
На освоените територии во шведската покраина [[Ингрија]] во 1703, Петар основал град, кој го нарекол [[Санкт Петербург]] (по апостолот [[Свети Петар]]) и кој подоцна станал престолнина на [[Руска империја|Руската империјаИмперија]]. Петар забранил изградба на камени градби надвор од границите на градот, па така сите мајстори можеле да учествуваат во подигнувањето на новиот град, кој набргу станал престолнина на Русија<ref name="HyV"/>. Во тоа време, љубовница на Петар му станала [[Екатарина I|Марта Скавронска]], која го прифатила [[православие]]то и го променила името во Екатерина. Таа наводно, тајно се омажила за Петар во [[1707]].
 
Претрпувајќи неколку тешки воени порази, полскиот крал [[Август II]] во 1706 абдицирал. Карло XII ја нападнал Русија во [[1708]] година. Во јули истата година, во [[Битка кај Головкин|битката кај Головкин]] Русите доживеале пораз. Сепак во битката кај Лесној<ref name="HyV"/> Карло го доживеал својот прв пораз, и тоа откако Петар го пресретнал и уништил засилувањето, кое за Шведска тргнало од [[Рига]]. Обесхрабрен од овој пораз, Карло бил принуден да го откаже планираниот поход на Москва, меѓутоа не се повлекол во Полска или Шведска, туку тргнал кон [[Украина]]. Вештиот маневар на Петар овозможил руската војска на југ да ги уништии сите залихи на храна, кои Швеѓаните требале да ги користат на походот за Украина. Во недостатокот на храна и облека, шведската војска била уништена во зимата 1708/9.