Филозофска трибина: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Статија за филозофското списание „Филозофска трибина“
(нема разлика)

Преработка од 23:09, 24 јануари 2019

Филозофска трибина е прво филозофско списание во Македонија во издание на ННСГ за филозофија при Филозофскиот факултет (Скопје) и Секцијата за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ.

Историја

Првиот број беше насловен „Билтен на списанието „Филозофска трибина“, Секција за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ“ (мај, 1978). Списанието ги имало следниве рубрики: студии и есеи; големи текстови; од наставно-образовната дејност; прикази и осврти; библиографија.

Редакција и издавачка политика

Во Редакцијата и Советот на списанието учествувале многубројни дејци како од филозофијата, така и од областа на сродните науки, меѓу кои: Љубомир Цуцуловски, Ферид Мухиќ, Виолета Панзова, Мирко Ѓошевски, Ана Димишковска, Денко Скаловски, Иван Џепароски, Александар Стаматов, Љупчо Митковски, Дејан Донев, Трајче Стојанов, Бошко Караџов. Од 2014-та година издавач на списанието „Филозофска трибина“ е Филозофското друштво на Македонија.