Аеродром Свети Апостол Павле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Elkost (разговор | придонеси)
Ред 32:
}}
 
'''Охридскиот аеродром''' {{Airport codes|OHD|LWOH}} ('''Аеродром Охрид''') познат и како аеродром [[Апостол Павле]] е аеродром вона [[Охрид]] и [[Струга]], [[Република Македонија]].

Аеродромот се наоѓа в [[Општина Дебарца]], на 92,5 km од Струга и 5 km од Охрид, долж магистралниот пат [[Охрид]]-[[Кичево]]-[[Скопје]]. Аеродромот во моментов има 8 паркинг позиции за авиони од комерцијалната и 5 паркинг позиции за авиони од генералната авијација на пристанишната платформа. Пристанишната зграда и другите аеродромски инфраструктурни објекти опслужуваат околу 60 000 патници и околу 1 000 операции на воздухоплови на годишно ниво. Основната причина за постоење на охридскиот аеродром е развој на туризмот во охридскиот туристички регион, како и алтернативен аеродром за летовите на [[Меѓународен аеродром Скопје|Меѓународниот аеродром Скопје]]. Аеродромските услуги на охридскиот аеродром ги користат многу странски авиокомпании.
 
== Историја ==
Ред 43 ⟶ 45:
Во втората половина на 60-тите години, со модернизацијата на флотата на авиониц во ЈАТ и со зголемувањето на физичкиот обем на сообраќајот, често пати било поставувано прашањето за потреба од модернизација и реконструкција на охридскиот аеродром. Активностите околу изнаоѓањето на реални можности за реализација на таквата идеја започнале уште кон крајот на 1965 година, а последната оперативна зона на стариот аеродром се одвивала во летниот период 1967 година. Практично, со почетокот на 1968 година завршува превиот развоен период на охридскиот аеродром. Во периодот од 1968 до 1970 година, согласно техничката документација за изградба на новиот аеродром, прво биле изведувани подготвителните работи околу приспособување на теренот на постојната аеродромска локација, а потоа биле започнати градежни работи врз изградба на нова асфалтно-полетно-слетна патека и другите маневарски површини, пристанишна платформа, пристанишна зграда, контролна кула, гаражи, трафостаница, паркинг простор, технички комплекс, приодни патишта, периметарска ограда и други инфраструктурни објекти. Старата пристанишна зграда била реконструирана, проширена и адаптирана за сместување на административните служби.
 
По завршувањето на градежните работи, целиот аеродромски комплекс зафаќал површина од 640.850 м , од кои 29.350 м во надворешната (земска) страна, а 611.500 м во оградената (воздушна) страна на аеродромот. Асфалтната површина на полетно-слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки изнесувала околу 155.000 м.
 
Потребите за стопанско поврзување на регионот во однос на пазарното опкружување во тогашната југословенска заедница, како и за користење на туристичките потенцијали за опслужното подрачје, биле поврзани со потребите за „совладување“ на патните дистанци во оквир на заедничката држава. Патните растојанија на Охрид до Белград (608км), Загреб (998км), Љубљана (1.136 км), Сараево (663км), Титоград (519км), Дубровник (686км), Сплит (884км) и другите потенцијални стопански и туристички центри, ги оправдувале погодностите во користењето на воздушниот транспорт за опслужното подрачје на аеродромот.
Ред 211 ⟶ 213:
|-
|}
 
 
== Установи и услуги ==
Катеринг за авионските [[фри-шоп]]ови (на ARR и DEP), процесирање на протоколи, CIP (бизнис), телефон и факс, телефонски картички, царинска и имиграциона контрола, полициско обезбедување (24 часа), аеродромско обезбедување (24 часа), продавница за сувенири, менувачница, ресторан во AD (100 оброци на час), установи за паркинг на такси и автомобили (70 автомобили + 3 автобуси), установи за справување со товар (простор за складирање на товар 340 m²) и патнички капацитет од 300 луѓе на час.
 
 
== Историја на несреќи ==
На 20 ноември 1993 авион од типот [[Yakovlev Yak-42|Yak 42D]] на [[Авиоимпекс]] се срушил во близина на аеродромот. Леталото било на пат од Женева кон Скопје, но било пренасочено кон Охрид поради лошите временски услови на аеродромот во Скопје. При слетувањето, леталото се срушило на планината Тројани близу Охрид. Сите осум членови на екипажот, и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.
 
 
== Извори ==
Ред 230 ⟶ 229:
 
{{Аеродроми во Македонија}}
{{euro-airport-stub}}
 
[[Категорија:Аеродроми во Македонија|Охрид]]
[[Категорија:ЗградиЕкономија и градби вона Охрид]]
[[Категорија:Општина Дебарца]]
[[Категорија:Струга]]