Разлика помеѓу преработките на „Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези“

нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
|површина=
}}
„'''Св. Пантелејмон'''“ — [[манастир]]ска [[црква]] во истоимениот манастир во с. [[Горно Нерези]], на планината [[Водно]], осум километри југозападно од [[Скопје]]. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата изградена во [[македонски стил]] и манастирските [[конак|конаци]]. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано [[фрескосликарство]], коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата [[Комнини]].
==Историја==
[[File:Pantelejmo Nerezi vnatreshnost.jpg|мини|left|250п|Фрескоживописот на сводот од црквата]]
Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император [[Алексеј I Комнин]] (1081 - 1118). За подигањето на црквата во [[1164]] година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели:
== Градба ==
 
Црквата која е изградена во [[македонски стил]], според своите димензии, спаѓа во редот на помалите цркви од типот впишан крст во правоаголен простор, односно комбинација со слободен крст. За градење на црквата бил употребен обичен кршен камен, изваден во околината на манастирот и тули, кои со големо мајсторство се претворени во полихромни површини што го нагласува впечатокот како објектот да израснал од една монолитна стена, која во горниот дел завршува со една поголема осмострана и четири помали четиристрани куполи.
 
[[Податотека:Gornonereški manastir 1.JPG|мини|лево|Конак во манастирот]]