Првобитен нуклид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Во [[геохемија]]та и геонуклеарната [[Нуклеарна физика|физика]], '''примордијални нуклиди''' или '''изотопи''' се [[нуклид]]и што ги среќаваме на планетата [[Земја]] кои постоеле во својата денешна форма и пред да биде оформена Земјата. Примордијалните нуклиди се остатоци од древните експлозии [[супернова]] кои се случиле пред образувањето на [[Сончев систем|Сончевиот систем]]. Тие се долготрајна фракција од [[радионуклид]]и кои опстанале во примордијалната сончева маглина преку [[насобирање (астрофизика)|насобирање]] на планетите сè до денес. Познати се само 289 вакви нуклиди. Сите познати 254 [[Стабилен изотоп|стабилни нуклиди]] се среќаваат како примордијални нуклиди, заедно со други 35 нуклиди кои имаат [[Период на полураспаѓање|периоди на полураспаѓање]] доволно долги за да би опстанале од времето на образување на Земјата. Овие 35 примордијални радионуклиди претставуваат нуклиди од 28 различни елементи ([[кадмиум]], [[неодиумнеодимиум]] и [[ураниум]] имаат по два примордијални радионуклиди, а [[телур]] и [[самариум]] по три).
 
Имајќи ја предвид [[Старост на Земјата|староста на Земјата]] од околу 4,58 × 10<sup>9</sup> години (4,6 билиони години), ова практично значи дека периодите на полураспаѓање на дадените нуклиди мора да бидат поголеми од 5 × 10<sup>7</sup> години.