Невролиза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
поправка на правопис - крвавење, изменета категоризација
Ред 2:
 
==Опис==
Еден од најчестите симптоми на болните од малигни заболувања (особено, оние лоцирани во абдоменот) е неподносливата, постојана болка во горнито дел на грбот и во во горниот дел од стомакот. Болката се јавува како резултат на зафаќање на [[Нервно влакно|нервните влакна]] кои одат од паренхимните органи во [[абдомен]]от ([[панкреас]]от, [[Црн дроб|црниот дроб]], [[Бубрези|бубрезите]], [[Надбубрежна жлезда|надбубрежните жлезди]]) кон целијачниот [[плексус]]. Бидејќи болката е хронична и не престанува ниту со примена на високи дози на наркотични [[аналгетици]], таа го нарушува квалитетот на животот на пациентите. За третман на оваа болка се применува постапката наречена „невролиза“. Невролизата се применува особено при [[езофагијален малигном]], при [[малигни тумори]] на [[желудник]]от и на панкреасот или малигни тумори лоцирани во [[Лимфен систем|лимфните јазли]]. Таа не треба да се применува во случај на некорактибилна [[коагулопатија]] или намален број [[тромбоцити]], заради големиот ризик од крварење[[крвавење]], како и при анавризма на [[аорта]]та или невообичаен излез на [[целијачни артерии|целијачните артерии]].<ref>„Невролиза - Контрола на болката кај малигни болести“, ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 18.</ref>
 
Постапката се изведува со претходна подготовка и со [[Анатомија на човекот|анатомска]] студија на регијата што треба да се пунктира, а тоа се прави со помош на [[компјутерска томографија]]. Исто така, позицијата на иглата се проверува со компјутерска томографија. Како терапевтско невролитичко средство се користи апсолутен [[алкохол]], во количество од 20 до 80 милиграми. Пред да се аплицира терапиското средство се дава контраст за лекарот да биде сигурен каде се наоѓа иглата. Притоа, со тенка игла се влегува во анатомската регија меѓу целијачните [[крвни садови]], [[мезептерични крвни садови|мезептеричните крвни садови]] и пред аортата. Претходно, пациентот треба да биде гладен и да не прима антикоагулантна терапија. Местото се обезболува и се набљудуваат виталните функции. Интервенцијата може да се изведе со преден и заден пристап за пункција. Ефектот од интервенцијата се чувствува веднаш.<ref>„Невролиза - Контрола на болката кај малигни болести“, ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 18.</ref>
Ред 12:
 
[[Категорија:Малигни болести]]
[[Категорија:Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]