Менструален циклус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - крвавење
Ред 16:
}}
 
'''Менструалниот циклус''' е процес во кој се исфрлаат неоплодените (изумрените) јајце-клетки од претходниот циклус заедно со слузта, од [[матката]]. Првата менструација го означува и почетокот на [[овулација]]та во женското тело и е знак дека жената може да забремени. Ако [[жена]]та не забремени ендометриумот и неоплодената јајце-клетка се одделуваат од матката, се распаѓаат и ја напуштаат матката во форма на менструално крварење[[крвавење]], кое минува низ грлото на матката и вагината. Менструалниот период е само дел од месечниот менструален циклус на [[жена]]та, циклус од физиолошки промени, кои можат да се појават кај плодните лица од женски пол.
==Причини за појава==
Поради забрзаното лачење на [[хормони]] од хипофизата и [[јајници]]те се појавува предменструалниот синдром (ПМС). Предменструален синдром претставува нормален дел од менструалниот циклус и вклучува физички и емоционални симптоми кои се појавуваат непосредно пред менструацијата, како: [[акни]], подуеност, истоштеност, болки во половината, чувствителни и отечени [[гради]], главоболки, зголемен апетит, раздразливост.
Ред 49:
 
=== Менструација ===
Менструацијата исто така се нарекува менструално крварењекрвавење или мензис. Протокот на мензисот обично служи како показател дека жената не е бремена. (Но сепак ова не може да се смета за сигурност, бидејќи постојат многубројни фактори, кои што можат да предизвикаат крварењекрвавење за време на бременост. Некои фактори се карактеристични за раната [[бременост]], а некои можат да предизвикаат и обилно крварењекрвавење.) За време на репродуктивните години пропустот на менструација може да се смета како прв показател дека жената можеби е бремена.
 
Со поимот еуменореја се означува нормална и редовна менструација, која трае неколку дена (обично од 3 до 5 дена, но од 2 до 7 дена се сметаат за нормални). Просечната загуба на [[крв]] за време на менструацијата е 35 милилитри, при што за нормално се смета од 10 до 80 ml. (Поради загубата на крв, жените се повеќе подложни на недостаток на [[железо]] во крвта отколку мажите.) Ензимот наречен плазмин го спречува засирувањето на менструалната течност.
Ред 68:
Оплодувањето од страна на [[сперматозоид]], ако се случи, обично се одвива во ампулата, најширокиот дел од [[јајцевод]]от. Оплодената јајце-клетка веднаш започнува со процесот на ембриогенеза или развиток на [[ембионот]]. На ембрионот, кој е во процес на создавање, му се потребни околу 3 дена да стигне до матката, а уште 3 дена за да се всади во ендометриумот. Обично за време на всадувањето ја има достигнато фазата на бластоцист.
 
Кај некои жени овулацијата е придружена од карактеристична болка, која се нарекува средна болка (mittelschmerz). Брзата промена на хормони за време на овулацијата може понекогаш да предизвика и слабо крварењекрвавење на средина на менструалниот циклус.<br />
[[Податотека:Menstrual Cycle bottom.png|мини|десно|Менструален циклус]]
 
=== Лутеинска фаза ===
Лутеинската фаза се нарекува и фаза на секреција. Жолтото тело, тврдо тело кое се создава во јајчникот по испуштањето на јајце-клетката од јајчникот во јајцеводите, има многу важна улога во лутеинската фаза. Телото продолжува да расте одреден период по овулацијата и лачи значителна количина на хормони, особено прогестерон. Прогестеронот игра важна улога при подготвувањето на ендометриумот за да биде способен да го издржи всадувањето на бластоцистот и раната бременост. Тој исто така го предизвикува споредниот ефект на кревање на базалната телесна температура кај жената. На крајот на секреторната фаза има и лачење пролактин.
Ред 91 ⟶ 92:
 
=== Абнормалности на менструалниот циклус ===
Ретката или нередовна овулација се нарекува олигоовулација. Недостатокот на овулација се нарекува ановулација. Нормалното менструално крварењекрвавење може да се случи и ако не му претходи овулација: тоа се нарекува ановулаторен циклус. Кај некои циклуси фоликуларниот развој може да започне, но да не биде довршен. И покрај тоа, естрогените хормони го формираат и стимулираат задебелувањето на ендометриумот. Ановулаторното крварењекрвавење како резултат на многу дебел ендометриум, кој е задебелен поради одолговлеченото и продолжено задржување на високото ниво на естрогенот, се нарекува крварењекрвавење поради покачување на естрогенот. Ановулаторното крварењекрвавење предизвикано од ненадејното опаѓање на нивото на естрогенот се нарекува крварењекрвавење поради повлекување на естрогенот. Ановулаторните циклуси често се случуваат пред [[менопауза]]та (перименопауза) и кај жени со синдром на [[полицистични јајчници]].
 
Појавата на многу мал проток на крв (помалку од 10 ml) се нарекува хипоменореја. Редовните менструации, кои се појавуваат на интервали од 21 ден или помалку, се нарекуваат полименореја. Честата, но нередовна менструација е позната како метрорагија. Ненадејното обилно менструално крварењекрвавење (повеќе од 80 ml) се нарекува менорагија. Обилната менструација, која се случува често и нередовно е наречена менометрорагија. Називот за циклуси, во кои што менструациите се појавуваат на интервали подолги од 35 дена е олигоменореја. Поимот [[аменореја]] се однесува на повеќе од 3 до 6 месеци без мензис (во случај кога нема бременост) за време на репродуктивните години на жената.<br />
 
== Потиснување на овулацијата ==
Ред 100 ⟶ 101:
Степенот на потиснување на овулацијата при терапија со контрацептивни средства со исклучиво прогестогенска база зависи од дејството и дозата на прогестогенот. Малите дози на контрацептивни средства со исклучиво прогестеронска база, како традиционалните пилули со исклучиво прогестогенска база, поткожните импланти од Норплант и Жадел или интравенозниот систем Мирена, ја спречуваат овулацијата во околу 50 % од случаите и за нивната контрацептивна ефикасност главно се потпираат на други ефекти, како на пример згуснување на секретите од грлото на матката. Средните дози на контрацептивни средства со исклучиво прогестогенска база, како пилулата со исклучиво прогестогенска база Церазет и поткожниот имплант Импланон, дозволуваат развој на фоликулите до некој степен, но во 97 – 99 % од случаите сигурно ја спречуваат овулацијата. Истите промени на секретите од грлото на [[матка]]та се случуваат и при користење многу мали дози на прогестогени. Големите дози на контрацептивни средства со исклучиво прогестогенска база, како инјекциите Депо-Провера и Нористерат, целосно го спречуваат развојот на фоликулите и овулацијата.
 
Комбинираните хормонски контрацептивни средства содржат и естроген и прогестоген. Негативната реакција на естрогенот кон аденохипофизата значително го намалува лачењето FSH, што ги прави комбинираните контрацептивни средства поефикасни при спречување развој на фоликулите и спречување овулација. Естрогенот исто така ја намалува честотата на неправилните крварењекрвавење поради покачување на естрогенот. Неколку видови на комбинирани хормонски контрацептивни средства, како апчињата, вагиналниот прстен НуваРинг и контрацептивниот фластер, обично се користат на начин, што предизвикува редовно крварењекрвавење поради повлекување на естрогенот. Кај нормален циклус менструацијата се случува кога нивото на естрогенот и прогестеронот брзо паѓа. Привременото нередовно користење комбинирани хормонски контрацептивни средства (користење плацебо лекарства една недела, некористење фластер или прстен една недела) има сличен ефект како да предизвикувате распаѓање на ендометриумот. <br />
 
[[Податотека:Scheme female reproductive system-mk.svg|мини|десно|Внатрешни женски репродуктивни органи ]]
Ред 114 ⟶ 115:
 
=== Еструс и менструација ===
Женките од повеќето видови цицачи ја покажуваат нивната плодност на мажјаците со визуелни знаци во поглед на однесувањето, со феромони или пак и со двете. Овој период кога се „рекламира“ плодноста се нарекува еструс или период на парење. Кај видовите кои искусуваат еструс, женките се можат да се парат само кога се во тој период (делфините се ислучок). Доколку нема [[оплодување]] во рамките на еструсот, кај повеќето плацентни [[цицачи]] матката повторно го апсорбира ендометриумот. Пропаѓање на ендометриумот без да се исфрли преку вагината понекогаш се нарекува „обратна“ менструација. Менструацијата (проследена со крварењекрвавење преку вагината) се случува најмногу кај луѓето и кај нивните еволутивно блиски видови, како шимпанзата. Некои видови, како домашните кучиња, искусуваат мало вагинално крварењекрвавење кога се во периодот на парење, но ова крварењекрвавење има различна физиолошка причина.
 
Неколку цицачи не покажуваат очиглендни и видливи знаци за плодност (прикриена овулација). Кај луѓето пак, додека жените можат да се научат како да го препознаат нивното степен на плодност (системи на проценка на плодните денови), сеуште е дискутабилно дали мажите можат да ја забележат плодноста кај жените. Некои неодамнешни истражувања дадоа противречни резултати. Орангутаните исто така не покажуваат видливи знаци за претстојната овулација. Исто така се тврди дека подолгиот еструс кај бонобото (женките, кои се во нивните репродуктивни години, се во период за парење 75 % од времето во рамките на нивниот менструален циклус) има сличен ефект како недостатокот од „период на парење“ кај луѓето.
 
==Надворешни врски==
*[http://doktori.mk/element/view/4f493068cc3ce/bolna-menstruacija-dismenorea Портал од областа на медицината]<br />