Калемегдан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
дополнување
Ред 52:
'''Калемегдан''' ([[Српски јазик|српски]]: ''Калемегдан'' / ''Kalemegdan'') е [[парк]] - [[тврдина]], и урбана, но ненаселена населба на [[Белград]], главниот град на [[Србија]]. Се наоѓа во белградската општина [[Стари Град (Белград)|Стари Град]], на десниот брег на [[Сава]], на местото каде оваа река се влева во [[Дунав]]. Основните ѕидини гледаат кон [[Земун]] и [[Нов Белград]]. Тврдината е градена во периодот од [[13 век|13]] до [[19 век]], при што секој од освојувачите градел сопствен дел.
 
Името Калемегдан се однесува на платото на која се наоѓа тврдината, додека тврдината била главно воено упориште на Белград, служело за надбљудување на непријателот при борба, затоа неговото име потекнува од турските зборови ''кале'' - поле и ''мегдан'' - борба. [[Отоманска Империја|Турците]] го нарекувале и Фиќир-бајир што значи „брег за размислување“.<ref>[http://turizam.bg-info.org/kalemegdan Калемегдан] - BG-Info.org</ref>
 
Тврдината е трансформирана во парк во [[19 век]]. Денес, таа е важен историско-културен комплекс.
 
==Историја==
Преуредувањето на паркот започнало по предавањето на тврдината на Србите во 1867 година, по наредба на [[кнез]]от [[Михајло Обреновиќ III]]. Идејните скици за уредување на Калемегдан ги направил првиот белградски урбанист, Емилијан Јосимовиќ. Зеленилото било засадено меѓу 1873 и 1875 година, кога со тврдината командувал [[полковник]]от [[Драгутин Жабарац]], некогашен прв [[аѓутант]] на кнезот Михаило Обреновиќ.
 
Планското уредување на Калемегдан започнало во 1890 година. Тогаш војската го предала паркот на белградската општина. Тогашниот претседател на општината, [[Никола Пашиќ]], го одобрил првиот кредит за уредување на Калемегдан, во износ од 10.000 тогашни динари. Во 1905 година започнало проширувањето на паркот со уредувањето на Мал Калемегдан, што се протегал од павиљонот „Цвијета Зузориќ“ до [[Белградска зоолошка градина|Зоолошката градина]].
 
Пред [[Прва светска војна|Првата светска војна]] Калемегданскиот парк завршувал на местото каде денес има камени скали кои водат кон долната тераса. Земјиштето зад овие скали сè до 1929 година било потполно неуредено и обраснато со коров. По 1931 година, паркот бил проширен и на Горниот град. Во паркот се поставени многу споменици.
 
На Калемегдан се наоѓаат: [[Воен музеј (Белград)|Воениот музеј]], уметничкиот павиљон „Цвијета Зузориќ“, Градскиот завод за заштита на споменици на културата, [[Белградска зоолошка градина|Зоолошката градина]], римскиот бунар, детски забавен парк, Гробница на народните херои на Калемегдан, голем број на спортски игралишта и угостителски објекти и Музејот на природата.
 
Во септември 2010 година на Калемегдан поставена е јапонска чешма како благодарнсот на народот на [[Јапонија]].
 
==Калемегдан како тема во уметноста и во популарната култура==
Ред 63 ⟶ 74:
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Галерија ==
 
<gallery>
Податотека:Monument of Gratitude to France in Belgrade.JPG|Споменик за благодарност на Франција
Податотека:Kalemegdan.01.top.jpg|Караѓорѓев топ
Податотека:Kalemegdanska tvrđava IMG 1942.JPG|Калемегданска тврдина
Податотека:Kalis.jpg|Поглед на Калемегдан од Нов Белград
Податотека:Kalemegdan, 1930. godina.jpg|Разгледница од Калемегдан, 1930 година
</gallery>
 
== Надворешни врски ==
{{Commonscat|Kalemegdan}}
* [http://www.discoverserbia.org/sr/beograd/kalemegdan Калемегдан] Комплетен водич низ Србија
* [http://www.360vr.rs/bg-vodic/kalemegdan.php Калемегдан] Виртуелна прошетка низ Калемегдан
 
{{Шаблон:Тврдини во Србија}}