Демон (поема на Лермонтов): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 2:
 
==Содржина==
Поемата се состои од два дела при што во секој дел има по 16 пеења:<ref>Mihail Jurjevič Lermontov, ''Izabrana djela (svezak 1.)''. Zagreb: Hrvatski izdavalački bibliografski zavod, 1944, стр. 135-179.</ref>
* ''Прв дел'': Над земјата лета [[Демон]]от кој се сеќава на среќното минато. Тој пролетува над [[Кавказ]], а потоа над долините во [[Грузија]] кои ги набљудува со презир и со злоба. Таму, [[кнез]]от Гудал прави [[свадба]] за својата ќерка Тамара. Демонот ја гледа Тамара како [[танц]]ува и чувствува необичен немир и во него се буди старото [[чувство]]. По свадбата, зетот ја носи невестата дома, но неговиот караван го напаѓаат разбојници. Притоа, зетот е смртно ранет и тој умира токму во мигот кога пристигнува дома. Тамара го жали мртвиот сопруг, но тогаш во себе слуша непознат глас, кој ѝ кажува дека не треба да тагува. Скршена од болка, таа заспива дури изутрината, а над нејзината глава бдее Демонот.<ref>Mihail Jurjevič Lermontov, ''Izabrana djela (svezak 1.)''. Zagreb: Hrvatski izdavalački bibliografski zavod, 1944, стр. 137-151.</ref>
* ''Втор дел'': Тамара дава завет дека нема да се премажи и заминува во [[манастир]]. Но, ниту таму, таа не може да најде спокој, зашто Демонот постојано ѝ се појавува во [[сон]]от, будејќи во неа силна страст. Воден од [[љубов]]та кон неа, Демонот пристигнува во манастирот, но Тамара ја чува еден [[ангел]]. Демонот го брка ангелот, велејќи дека Тамара му припаѓа нему. Потоа, тој започнува разговор со Тамара, кажувајќи ѝ дека претходно вечно скитал низ светот без никаква цел и ветувајќи ѝ вечна љубов. Тамара го заколнува да ја каже вистината, а потоа Демонот ја бакнува и во тој миг ѝ го зема [[живот]]от. Ноќниот чувар го слуша бакнежот, а потоа и силен крик. По нејзината смрт, кнезот Гудал го зема телото на својата ќерка и ја закопува на падините на Кавказ. Додека ангелот ја носи [[душа]]та на Тамара во [[рај]]от, него го пресретнува Демонот, кој ја бара Тамара за себе, но ангелот на му ја дава нејзината душа.<ref>Mihail Jurjevič Lermontov, ''Izabrana djela (svezak 1.)''. Zagreb: Hrvatski izdavalački bibliografski zavod, 1944, стр. 153-179.</ref>
 
==Осврт кон делото==