Сојузничка окупација на Германија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 00:37, 13 јануари 2019

По поразот на Нацистичка Германија во Втората светска војна, победничките сојузници го потврдиле заедничкиот авторитет и суверенитет над „Германија како целина“, која била дефинирана како сите територии на поранешниот Германски Рајх кои се наоѓале западно од линијата Одер-Нејс. Четирите сили ја поделиле Германија како целина во четири окупациски зони, и тоа под Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Франција и Советскиот Сојуз, создавајќи го она што станало колективно познато како Сојузничка окупирана Германија (германски: Alliierten-besetztes Deutschland). Оваа поделба била ратификувана на конференцијата во Потсдам (17 јули - 2 август 1945). Четирите зони биле договорени во февруари 1945 година од страна на САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз на Конференцијата во Јалта, дополнувајќи ја претходната поделба во три зони (со исклучок на Франција) предложена од Лондонскиот Протокол.

Во Потсдам, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз го одобриле одвојувањето од „Германија како целина“ на германската источна територија источно од линијата Одер-Нејс, со точната линија на границата што треба да се одреди во финалниот германски договор за мир. Од март 1945 до јули 1945 година, поранешните источните територии на Германија биле управувани од советските воени окупациски власти, но по Потсдамската конференција тие биле предадени на советската и полската цивилна администрација и престанале да претставуваат дел од сојузничката Германија.

Во последните недели во борбите во Европа, силите на Соединетите Американски Држави ги надминале договорените граници за идните зони на окупација, а во некои места дури до 320 километри. Била создадена и привремена линија на контакти меѓу советските и американските сили.