Електричен автомобил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
ситна поправка
Ред 4:
[[File:Reva charging.jpg|thumb|upright=1.25|Полнење на електричниот автомобил [[REVAi|REVAi/G-Wiz i]] на една улична станица во [[Лондон]].]]
 
'''Електричен автомобил''' ('''електромобил''') — е автомобил којшто се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.
 
Електричните автомобили беа популарни во крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, се до напредокот во технологијата за мотори со внатрешно согорување и масовното производство на возила кои работат на поевтин бензин што доведе до пад во употребата на возила со електричен погон. Енергетската криза во 1970-тите и 80-тите доведе до краткотраен интерес во електричните автомобили, затоа тие автомобили не го постигнаа масовниот маркетинг како што денешните електрични автомобили го доживуваат. Од средината на 2000-тата година, производството на електричните автомобили доживува преродба поради напредокот во технолигиите за батерии и управување со енергијата,но и е загрижено поради се почестата нестабилност околу цените за нафта и потребата за намалување на испуштањата на штетните, стакленички гасови.