Витинген: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 29:
=== Местоположба ===
 
Витинген се наоѓа во североисточниот дел на округот Гифхорн на сојузната граница со [[Саксонија-Анхалт]]. Градот се наоѓа помеѓу [[Линебуршко Поле|Линебуршкото Поле]] и [[Алтмарк]]. Подрачјето на градот и селата кои припаѓаат на него се протегаат на површина од 225,09 км<sup>2</sup>, од кои 7,8% се станбени и сообраќајни површини.<ref name="RB_2006">{{нмс|url= http://www.braunschweig.ihk.de/standortpolitik/basisinformationen/regionalbericht/RB%202006.pdf|title=Regionalbericht 2006|work=IHK Braunschweig |accessdate=7 март 2018}}.</ref> Блиски градови се [[Гифхорн]] (25&nbsp;км), [[Волфсбург]] (30&nbsp;км), [[Илцен]] (30&nbsp;км), [[КелеЦеле]] (50&nbsp;км) и [[Залцведел]] (35&nbsp;км). Низ градот поминува реката [[Оре]]; местото Ордорф е наречено по нејзе.<ref name="Chronik">Rudi Fischer: ''800 Jahre Calvörde – Eine Chronik bis 1991.'' o. O. 1996.</ref>
 
=== Градски единици ===
Ред 71:
Најрано документирано спомнување на Витинген е во документ од 781 година, кој ги одредувал територијалните граници на [[Хилдесхајмска епископија|Хилдесхајмската епископија]]. Друг документирано спомнување е од 803 година во текот на владеењето на [[Карло Велики]], кога се одредувале границите на новосоздадената [[Халберштатска епископија]]. Меѓутоа, во ниту еден од документите не е даден датумот на основањето на градот.
 
Во текот на средновековниот период, Витинген не бил на самата граница, туку сообраќајна станица до и од [[Алтмарк]]. Градот бил трговска точка и ноќевалиште за бројни трговски патници. Неговото значење се зголемило во деветтиот век кога Халберштатската епископија ја изградила црквата „Св. Стефан“. Со почетокот на {{римски|13}} век, Витинген ги добил градските права и бил делумен сопственик на Линебуршката ковачница. Во {{римски|14}} век имало политичка нестабилност, а во 1340 година сопственоста на Витинген била пренесена на велфската династија од [[КелеЦеле]]. Подоцна, со избивањето на борбата со Хилдесхајмската епископија, градот бил целосно уништен во 1519 година. Кратко потоа, започнала изградбата на градските бедеми.
 
== Политика ==