Избришана содржина Додадена содржина
→‎Совети: ново заглавие
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 13:
 
Одлични ти се внесовите по селата за родовите и само така продолжи. Јас сега ги прифаќам сите твои измени и правам одредени ситни промени и подобрувања, кои би сакал да ги забележиш и да ги применуваш понатаму. Имено, кога се работи за придавка „македонско, македонски“ се пишува со мала буква и така е според правописот, додека народот си е со голема буква „Македонци“. Грешка која гледам ја имаш во сите твои внесови, како што и често се сретнува во медиумите. Исто така, интерпункциските знаци (како точки, запирки, итн.) се ставаат пред да се наведе самиот извор. --[[User:Ehrlich91|Ehrlich91]] <small>([[User talk:Ehrlich91|разговор]])</small> 21:23, 26 септември 2018 (CEST)
 
: Навистина одлична и многу корисна работа правиш со внесувањето на родовите во селата. Би сакал да ти предложам во твојата понатамошна работа да ги изоставуваш бројките на куќите (пр. ''Ѓегиновци'' (3 к.)) бидејќи тоа се многу стари податоци од книгите на Трифуноски, Русиќ, Брадина, постари и од 60 години кои не соодветствуваат со денешните услови. Секако од извонредно значење е секој читател да прочита кои родови живеат или живееле (го сочинувале) некое село и затоа е најбитно нив да ги има сосе нивната историја, родослови (генеаологија) и други податоци. Јас лично кога внесувам ги изоставувам бројот на куќите, а во оној дел каде што пишува историја на нивното доселување секогаш збирно ги ставам годините соодветно на денешното време, на пример ако Јован Трифуноски во 1951 запишал дека ''Чачанковци'' се доселиле во Морани пред 160 години, јас наведувам 228 години. Чисто за да биде посоодветно за современиот читател. Секоја чест и продолжи со одличната работа! -- [[User:Македонец|Марио Шаревски - Македонец]] <small>([[User talk:Македонец|разговор]])</small> 13:37, 11 јануари 2019 (CET)