Алфред Тајер Махан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 2:
 
==Гледишта==
Повикувајќи се на [[Англија|англискиот]] пример на превласт и доминација заснована на поморската надмоќ и империја повикувал за прекинување на американската политика на изолационизам и нејзино стапување на глобалната сцена како светска сила преку изградба на силна морнарица и контрола на важните поморски точки како теснеци и протоци низ кои поминуваат главните и најзначајни поморски трговски линии т.н. ''тесни грла'' (анг. ''chokepoints''). Во своето најпознато дело „Влијанието на поморската сила врз историјата“ (1890), Махан наведува шест основни фактори кои влијаат на развојот на поморската моќ: географската положба, физичка структура и конфигурација на бреговите, големината на територијата, бројот на населението, националниот карактер, како и карактерот на државната власт во смисла на политичкиот систем, сфаќањата и гледиштата на политичкото водство<ref name="Jones" />. Тој предложил дека САД треба изградат своја флота и поморски бази паралелно на британските од [[Куба]] и [[Панама]] во [[Атлантски Океан|Атлантскиот]] до [[Хаваи]]те и [[Филипини]]те во [[Тихи Океан|Тихиот Океан]]<ref name="Милески" />. Согледувајќи го искуството од [[Британска Империја|британската империјална]] доминација во светот Махан заклучил дека поморската надмоќ е клучна за проектирањето на моќ во светот и е тесно поврзана со економската ефикасност и можноста за пловидба, трговија и блокада на останатите европски и светски држави (преку контрола на стратешките точки - ''теснеци'' низ кои минуваат линиите на поморски транспорт) при што сето тоа неминовно води кон можност за превласт во светот. На основа на овие гледишта преку концептот за проекција на моќ со подоцнежниот технолошкиот развој се развиени и геополитиката на воздушниот и вселенскиот простор. Изнесената идеа на Махан за стапување на [[САД]] како голема сила на глобалната сцена е всушност и темелната основа на сите современи геополитички гледишта за САД како светска суперсила и хегемон, од кои најпознати се оние на Хенри Кисинџер и особено на Збигњев Бжежински.
 
==Наводи==