Пофалба на глупоста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Зборува Глупоста: дополнување
→‎Зборува Глупоста: дополнување
Ред 10:
Својот говор, Глупоста ја започнува така што се претставува себе, велејќи дека има божествено потекло, т.е. нејзиниот татко е богот [[Плутон (митологија)|Плутон]], а нејзината мајка е [[нимфа]]та Неота. Потоа, Глупоста вели дека на човекот му ги подарила [[живот]]от и уживањето и дека таа е присутна во најубавото време во [[живот]]от (детството и младоста), а старите ги подмладува. Благодарение на неа, дури и [[бог]]овите прават разни глупости и се забавуваат. Исто така, таа прави мажите и жените да се сакаат. [[Природа]]та ја создала лудоста за да му даде уживање на човекот, т.е. за да не биде тажен животот. Понатаму, во својот говор, Глупоста вели дека лудоста е основа на пријателството и на [[брак]]от, дека таа управува со државите зашто [[Мудрост|мудреците]] не се добри во извршувањето на јавните работи и дека, наспроти мудреците кои се несреќни, глупавите живеат безгрижен и среќен живот.<ref>Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 11-49.</ref>
 
Во продолжение, Глупоста почнува да ги набројува бројните човечки недостатоци, како што се: суеверието, гордоста, самољубието, суетата, страста на [[лов]]ците, итн., вклучувајќи ги и глупостите на учените луѓе и на [[Уметност|уметниците]]. Таа особено ги исмејува писателите на лесни книги, но и [[Софисти|софистите]], [[Учител|учителите]], [[Филозоф|философите]], [[Теологија|теолозите]], [[крал]]евите, [[Благородништво|благородниците]], високото [[свештенство]] и [[Папа|папите]]. Оттука, Глупоста заклучува дека мудреците живеат во [[сиромаштија]], занемарени и омразени, додека глупаците пливаат во [[пари]] и стојат на чело на државите. Својот говор, Глупоста го завршува наведувајќи цитати од класичните писатели, како и цитати од [[Свето Писмо|Светото писмо]], заклучувајќи дека најголемата побожност се граничи со лудоста.<ref>Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 49-88104.</ref>
 
== Наводи ==