Слатино (Охридско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 35:
Неможејќи веќе да издржат под турското ропство, веќе од крајот на XIX век населението почнало да се организира, и да се бунтува против турското владеење, така во 80тите години на XIX век во западниот дел на Македонија се кренала [[Демирхисарски заговор|Брсјачка Буна]], во тоа востание имало и жители од Слатино. По остранувањето на Халил Рифат Паша, во Охрид и неколку охридски села во 1886 година се формирале тајни самобитни друштва за борба против разбојничките банди, од селото Слатино водач на тоа друштво бил Поп Анѓеле Попоски, кој е убиен од Турците на 1.11.1875 година. Во Дебарца првата чета на ВМРО била основана во 1901 година, а помеѓу основачите се нашол и Цветко Пајнчар од Слатино. Во истата година во Слатино се случил инцидент со Спасе Цветков кој насила грабнал некоја девојка од Слатино и ја силувал, братот на девојката отишол во [[Турје]] каде била четата и им го кажал случајот, веднаш потоа [[Смиле Војданов]] со четата заминал за Слатино да види што се случило. Спасе Цветков поради силувањето заслужил смрт, но бидејќи бил добар работник, охридското начелство наредило да се казни со ќотек. [[Дејан Војвода]] го осудил Спасе Цветков да плати три лири парична казна, и да му удрат 28 прачки ќотек. На 27 ноември 1901 година во охридско бил [[Никола Петров Русински]] кој бил организатор на чета, а во неговата чета од 31 востаник се нашле и 5 слатинци, тоа биле: Цветко Неделков- Пајнчар, Ѓурчин Петров Вељанов, Крсто Вељанов, Иван Ѓоргиев Савески и Ламбе Ѓоргиев Цветанов. По предаство кое го извршиле слатинките Ставрејца со нејзините ќерки Менка и Арсена, [[Дејан Војвода]] решил да бидат фатени и отепани предавничките, тоа и се случило и четите на Дејан ги отепале предавничките. За време на арбиновската битка кога била опколена четата на Дејан Војвода, во неговата чета биле и тројца слатинци, тоа биле Ѓурчин Петров, Дабе Христов и Иван Савески, во битката бил ранет Ѓурчин Петров. Неколку дена после оваа битка од цела Дебарца биле собрани 216 селани, и однесени биле во [[Дијарбакир|Дијарбекир]], од Слатино тоа биле:
 
* Умреле таму: Степан Бавтироски, Петре Црвенкоски, Мицко Савески, Секула Савески, Поте Латиноски, Глигор Томаноски, Поте Дрмоноски и Илија Смилески
# Степан Бавтироски- умрел таму
* Се вратиле: Рафајле Бавтироски, Ѓоргија Кочоски, Темелко Тужароски, Наум Црвенкоски, Поте Црвенкоски, Цветан Савески, Трајче Стојкоски, Петре Петрески, Стојан Србиноски и Цветан Крстески
# Рафајле Бавтироски- се вратил
# Ѓоргија Кочоски- се вратил
# Темелко Тужароски- се вратил
# Наум Црвенкоски- се вратил
# Поте Црвенкоски- се вратил
# Петре Црвенкоски- умрел таму
# Мицко Савески- умрел таму
# Цветан Савески- се вратил
# Секула Савески- умрел таму
# Поте Латиноски- умрел таму
# Глигор Томаноски- умрел таму
# Трајче Стојкоски- се вратил
# Поте Дрмоноски- умрел таму
# Петре Петрески- се вратил
# Илија Смилески- умрел таму
# Стојан Србиноски- се вратил
# Цветан Крстески- се вратил
 
Во текот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] илиндескиилинденски комити од селото Слатино биле:
 
* во четата на [[Дејан Димитров- Мицкоски]]: Дабе Кочоски- Христов, Ламбе Црвенкоски, Николе Јаколески, Иван Савески, Ѓурчин Петров-Вељанов и Цветко Пајнчар.