Хај-фај (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 1:
 
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Текст од МИФЦ}}
{{Инфокутија за филм
Ред 7:
| director = [[Владимир Блажевски]]
| writer = [[Горан Стефановски]]
| starring = [[Вукосава Донева]]<br />[[Мето ЈовановкиЈовановски]]<br />[[Данчо Чевревски]]<br />[[Фабијан Шоваговиќ]]
| cinematography = [[Мишо Самоиловски]]
| editing = [[Петар Марковиќ]]
Ред 19:
}}
 
'''Хај-фај''' е македонски филм од [[1987]] година во [[режија]] на [[Владимир Блажевски]], според [[сценарио]]то на [[Горан Стефановски]]. Филмот е снимен врз [[Хај-фај (драма)|истоимената театарска пиеса]] на Горан Стефановски. Филмот освоил неколку награди, како: годишната награда на „[[Екран (списание)|Екран]]“ за актерско остварување (Данчо Чевревски), наградата „Кодак“ за [[фотографија]] ([[Мишо Самоиловски]]), на филмскиот фестивал во [[Ниш]], големата повелба за главна машка улога (Фабијан Шоваговиќ) и две „[[Златна арена|Златни арени]]“ на [[Филмски фестивал во Пула|Филмскиот фестивал во Пула]].<ref>''Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56'', стр. 26-27.</ref>
'''„Хај-фај“''' е македонски филм од [[1987]] година во режија на [[Владимир Блажевски]] а според сценарио на [[Горан Стефановски]].
 
== Содржина ==
{{Разоткривање}}
Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради [[Идеологија|идеолошката]] обоеност која едниот ја има, а другиот не ја поседува или, пак, кај него се манифестира на друг начин, и низ поинаквото однесување во умеењето или неумеењето да се помине животот достојно за едно човечко битие... Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во [[затвор]], се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Во станот е сместено импровизирано тонско студио. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира, луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис. Тој смета дека е тоа бесмислен живот, без планови и идеали.
 
За ваквата трансформација на синот тој ја обвинува поранешната сопруга која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет пред синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира. Според него, сега единственото што може да го направи - е да го „врати“ синот на вистинскиот пат и да му покаже дека човек треба достојно да го минува времето што му е дадено. Борис се обидува да воспостави вистински релации во односите со синот, но не е умешен и тоа не му успева. Временската бариера во заедничкото живеење не се надминува лесно.
 
Она што му преостанува е да воведе суров режим во животот на синот. Ги прекинува сите негови контакти. Го врзува со лисици, а сите потреби и сета комуникација ја презема на себе. Според мислењето на Борис, сè што се случува е лично меѓу нив двајцата. Тој врши и вербална и физичка тортура врз синот, инсистирајќи тој да се согласи дека животот што го водел е залуден. Матеј не се согласува со ставот на таткото, но пасивниот отпор што го покажува го заплашува Борис. Нивните денови минуваат во играње [[шах]] и во пречукување на затворскиот дневник што Борис го водел секојдневно и без исклучок во затворот. Најпосле, Борис сепак го ослободува синот. Тие тргнуваат на пат кон родното село на таткото. Минуваат низ напуштени и руинирани села. Такво е и селото на Борис. За првпат Матеј влегува во куќата на своите прадедовци. [[Ноќ]] е. Борис талка низ селото, сето во урнатини. Доаѓа и до гробовите на предците. Соочен со пустошот, како да го доживува својот дефинитивен пораз. Се враќа во куќата како човек кој наеднаш го видел сиот свој залуден и со заблуди исполнет живот. Му вели на Матеј дека може да си оди. Матеј не го разбира. Спијат на подот во куќата. Утро е. Матеј, кој рано се разбудил, ја скратил косата и сака да го изненади таткото, покажувајќи му ја белината на неочекувано паднатиот снег. Тогаш, за првпат по многу години, веројатно уште од детството, го нарекува тате. Но, за Борис е предоцна. Неговиот живот завршува таму каде што и започнал. Матеј тешко ја прима вистината за заминувањето на таткото. Времето поминато заедно, и покрај трауматичноста на постапките зад кои се криеше татковата љубов и грижата за синот, не беше залудно. Овојпат, навистина сам, тој беспомошно талка низ селото.
 
== Надворешни врски ==
* {{МИФЦ|59|Хај-фај}}
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Филмови од 1987 година]]
[[Категорија:Македонски филмови]]
[[Категорија:Филмови на Владимир Блажевски]]
[[Категорија:Филмови на македонски јазик]]
[[Категорија:Филмови со Мето Јовановски]]
[[Категорија:Филмови со Вукосава Донева]]
[[Категорија:Филмови со Данчо Чевревски]]
[[Категорија:Филмови со Фабијан Шоваговиќ]]