Тор (митологија): Разлика помеѓу преработките

Додадени 5.685 бајти ,  пред 3 години
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
 
Во 12 век, во време кога народот во Норвешка бил официјално христијанизиран, Тор бил сè уште повикуван, за што сведочи порака напишана со руни најдена во [[Берген]], [[Норвешка]]. Порака ги повикува Тор и Один на помош.<ref name="MCLEOD-MEES-30">McLeod, Mees (2006:30).</ref> Во тоа време, иконографијата на христијанизираниот крал [[Олаф II]] (Светиот Олаф) содржи елементи од Тор: Олаф е претставен со црвена брада и држи чекан.<ref name="DUMEZIL125">Dumézil (1973:125).</ref>
 
====''Поетска еда''====
[[Податотека:The death of Thor and Jörmungandr by Frølich.jpg|thumb|Смртта на Тор, цртеж на [[Лоренц Фролих]], (1895)]]
[[Податотека:Thor und die Midgardsschlange.jpg|thumb|''Тор и змијата Мидгард'', слика на [[Емил Деплер]], (1905)]]
Во ''[[Поетска еда]]'', која датира од 13 век пишувана врз основа на традиционални извори кои потекнуваат од паганскиот период, Тор се споменува во девет поеми.<ref name="LARRINGTON320">Larrington (1999:320).</ref>
 
Во поемата ''Пророштвата на Волва'', мртвата Волва ја раскажува историјата на универзумот и ја претскажува иднината на Один, како и смртта на Тор. Според неа, Тор ќе се бори со голема змија за време на големата митска војна, ќе ја исече змијата, но потоа ќе успее да направи само девет чекори пред да подлегне на смртоносниот отров од ѕверот. Потоа небото ќе поцрни, а потоа земјата ќе ја зафати оган, ѕвездите ќе ги снема, пламењата ќе танцуваат, пареа ќе има, земјата ќе биде под вода, а потоа повторно ќе се појави, зелена и плодна.<ref name="LARRINGTON11-12">Larrington (1999:11—12).</ref>
 
Тор е главниот лик во поемата [[Песните на Харбард]], каде патувајќи од исток стигнува до место каде среќава сплавар кој се претставува како Харбард. Тор бара да го превезе, но сплаварот одбива. На почеток Тор се воздржува, но сплаварот станува агресивен, и наскоро двајцата започнуваат борба со навреди. На крајот, Тор продолжува пешки.<ref name="LARRINGTON69-75">Larrington (1999:69–75).</ref>
 
Тор е исто така главен лик во поемата [[Химисквида]], каде откако боговите ловеле и го изеле пленот, сакаат да пијат. Решаваат да одат кај [[Егир]], а Тор прв стигнува и му вели да подготви гозба за боговите. Егир му вели на Тор дека боговите прво мора да му донесат котел за да направи пиво во него. Боговите барале, но не нашле таков котел никаде. Тир се сетил и му рекол на Тор дека [[Химир]] има таков длабок котел.<ref name="LARRINGTON78-79">Larrington (1999:78—79).</ref> Тор и Тир отишле кај Химир да го побараат котелот. Кога стигнале, Тир ја видел својата баба со деветсто глави и мајка му облечена во злато, која ги пречекала со свирење во рог. Химир не бил среќен што го гледа Тор. Мајка му на Тир им помогнала да јадат соодветен котел. Тор изел голем оброк од два вола, и заспал. Утрото кога се разбудил, Тор му рекол на Химир дека ќе оди на риболов, па ќе има многу храна, но му треба мамка. Химир му рекол најде мамка на неговото пасиште. Тор излегол и му ја исекол главата на најдобриот вол на Химир.<ref name="LARRINGTON78-80">Larrington (1999:79—80).</ref>
 
Понатаму во поемата, Тор и Химир се на брод на морето и ловат риби. Фатиле неколку китови, и во еден момент огромна змија се фатила на мамката. Тор ја извадил змијата на бродот и ја удрил со чеканот. Змијата вреснала, и гласно превртување се чуло од под водата.<ref name="LARRINGTON81">Larrington (1999:81).</ref> Химир бил разочаран и тивок додека пловеле кон брегот. На брегот, Химир му рекол на Тор да му помогне китот да го однесат кај него дома. Тор ги кренал и бродот и двата кита и ги однел. Потоа, Тир и Тор го добиле котелот и заминале. Тир не можел да го крене, а Тор успеал да го тркала. По пат ги нападнала војска од многуглави суштества, кои ги водел Химир. Тор ги убил со чеканот.
 
На крајот успеале да го однесат котелот кај Егир, направиле многу пиво, и од тогаш секоја зима доаѓале кај Егир на пиво.<ref name="LARRINGTON82-83">Larrington (1999:82—83).</ref>
 
== Наводи ==