Ден на востанието на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ова не се спомнува во стенограмите
Ред 30:
* Во третата група биле: Мице Димески (командир), [[Крсте Црвенковски]], [[Коле Чашуле]], Киро Ќососки и Киро Базеркоски.<ref>Ице Ацески – Рапеш „Нескршливите“, Прилеп, 1991, 46 стр.</ref><ref>Љубен Георгиевски - Љупта, „Тарцан: монографија за Трајко Бошкоски-Тарцан–Илинденски“, Скопје, 1994, 200 стр.</ref>
 
Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од [[Смилево]],<ref>[http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/014%20sednica%2013%20prodolzenie%2017-01-2007.pdf Весна Јаневска, Стенографски белешки од Тринаесеттото продолжение на Четиринаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 јануари 2007 година.]</ref> мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.<ref>[http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1539&stID=19942&pR=15 „Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња“], Утрински весник</ref>
 
Дејствија има и во Кумановско. На [[12 октомври]] [[1941]] година, во областа Студена вода е формиран [[Козјачки партизански одред|Кумановскиот (Козјачки) партизански одред]], а во областа Менкова колиба [[Карадачки партизански одред|Карадачкиот партизански одред]]. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на [[14 октомври]], а Козјачкиот одред - на [[17 октомври]].<ref>Ванчо Николовски „НОВ без догми 1941-1942“, „Глобус“, Скопје, 1997, 127-128 стр. </ref> [[Скопски партизански одред|Скопскиот партизански одред]], формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени.<ref>Антон Колендиќ „Не бевме комити“, „Млад борец“, 20 јуни 1989, 37 стр.</ref> Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.