Кари Хаг: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
(нема разлика)

Преработка од 19:52, 3 јануари 2019

Кари Јорун Блакисруд Хаг (родена на 4 април 1941 година) е норвешка математичарка, позната по нејзиното истражување во комплексна анализа на квазикруговите и квазиконформното мапирање, како и за нејзините напори за родова еднаквост во математиката. Таа е пензиониран почесен професор по математика на Норвешкиот универзитет за наука и технологија (НТНУ).[1] Со Фредерик Геринг таа е автор на книгата "Сеприсутниот квазидиск" (Американско математичко друштво, 2012).[2]

Хаг со наградата НТНУ за родова еднаквост во 2000

Образование и кариера

Хаг е по потекло од Еидсвол. Студирала на Норвешкото училиште за образование во Трондхајм, завршувајќи ја кандидатуирата за магистер (cand.mag.) во 1963 година, а потоа и на Ословскиот универзитет, завршувајќи го реалната кандидатура (cand.real.) во 1967 година.[3][4] По ова, таа докторирала во 1972 година на Мичигенскиот универзитет. Нејзината дисертација, Квазиконформни гранични кореспонденции и екстремните мапирања, била надгледувана од Геринг.[5]

По завршувањето на докторат, таа се приклучила на Норвешкиот институт за технологија (НТХ), кој подоцна станал дел од НТНУ.[4] Таа станала редовен професор на НТНУ во 2001 година, а се пензионирала како почесен професор (професор емерита) во 2011 година.[3]

Награди и признанија

НТНУ и ја доделил на Хаг наградата за полова еднаквост во 2000 година, за нејзините напори за зголемување на интересот на девојките во науката и математиката.[6] Во 2018 година таа била избрана за витез од редот на Свети Олав.[3]

Наводи

  1. Kari Hag, Norwegian University of Science and Technology, Посетено на 2018-05-07
  2. Review of The Ubiquitous Quasidisk, Peter Haïssinsky, MR2933660
  3. 3,0 3,1 3,2 Normannsen, Sølvi Waterloo (April 17, 2018), „Matematiker Kari Hag blir ridder av St. Olavs orden“, Universitetsavisa (Norwegian)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 Rabben, Magne Brekke (April 30, 2018), „Kari Hag“, Store norske leksikon, Посетено на 2018-05-07
  5. Кари Хаг at the Mathematics Genealogy Project
  6. Likestillingspris 2000 (Norwegian), Norwegian University of Science and Technology, 2000, Посетено на 2018-05-07CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)