Просветителство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
сНема опис на уредувањето
Ред 19:
 
Просветителството во [[Македонија]] започнало кон крајот на [[17 век|XVII век]] и траело се до крајот на [[19 век|XIX век]]. Главна карактеристика на македонското просветителство биле отворањето на училишта на народен [[македонски јазик]] во црквите и манастирите. Покрај отворањето на училиштата, во текот на просветителството во [[Македонија]] за прв пат се започнати собирањето на народно творештво, пишување и печатење на драмска, уметничка и [[поука|поучна]] литература на народен јазик. Најпознати предводници на просветитетлството во Македонија се: [[Кирил Пејчиновиќ]], [[Јоаким Крчовски]], [[Јордан Хаџи Константинов - Џинот|Јордан Хаџи Константинов-Џинот]], [[Теодосиј Синаитски]], [[Григор Прличев]] и други. Првата печатница била отворена во Солун 1838 година.
 
Во овој период, во Македонија, се забележува зголемување на градското население од кое подоцна произлегла граѓанската класа, класното раслојување, еснафското здружување, изградбата на печатници и појава на световната книжевност, создавање црковно-училишни општини, а особено се карактеристични борбите за отфрлање на грчката духовна власт и воведувањето на народен јазик во наставата. Положбата на Македонија во овој период била таква, што Македонците се наоѓале под тројно ропство: политичко, духовно и просветно. Во одделни подрачја и места, управата на Османлиите преминувала во безвластие, поради самоволијата на локалните моќници; Цриградската патријаршија силно го проповедала грцизмот и се залагала за погрчување на македонското население; малку подоцна, истата ја заменила бугарската Егзархија, која не само што ја наметнала својата духовна власт, туку отворила и голем број училишта во кои се учело на бугарски јазик. Во такви услови започнало просветителското движење, чија основа била иста кај сите народи: борба за народен јазик, описменување на народот, конституирање на државноста.
 
== Надворешни врски ==