Институт за фолклор „Марко Цепенков“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
создавање страна за Институтот за фолклор „Марко Цепенков“
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Јавната научна установа '''Институт за фолклор „Марко Цепенков“''' - Скопје е една од најстарите научни институции во Република Македонија.
 
== Основање ==
Институтот е основан е на 6.4.1950 година со Уредба број 1183 на Владата на Народна Република Македонија, по предлог на Министерството за наука и култура (Сл. весник бр. 11/50), како самостојна научна институција од посебен национален интерес. Тогашното именување е: „Фолклорен институт на НРМ“.
Во текот на своето постоење и развиток Институтот претрпел неколку трансформации: Од јуни 1979 година Институтот за фолклор е носител на името на познатиот и еден од најплодните собирачи на македонското фолклорно и етнолошко богатство - Марко Цепенков.
 
== Дејност ==
Основните активости на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ се одвиваат почнувајќи од теренските истражувања со што континуирано се бележи и се следи состојбата во сите сегменти на духовната и материјалната култура на народното творештво. Материјалите од теренските истражувања во интерната институтска научно-стручна обработка се подложни на: регистрирање, чување, заштита, обработка и презентирање.