Свештенство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4:
==Свештенството во христијанската црква==
Свештенството ([[грчки]]: ''Εκκλησιαστικός κλήρος'' - црковен клир), односно Светата Тајна Свештенство е залог на присуството на [[Исус Христос]] во црквата,<ref>Мт 28,20</ref>, која ја стекнал со крвта своја, и во која постојано делува преку [[Светиот Дух]], како нејзин божествен основал и поглавар. Неговото постојано присуство во црквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите. Преку ракополагањето, според христијанската традиција, свештените лица го примаат дарот на [[Светиот Дух]], кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власта за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците <ref>1Пет 2,25</ref>.
 
Во своето дело „[[Пофалба на глупоста]]“, [[Еразмо Ротердамски]] ги критикува и исмејува свештениците и нивното практикување на [[христијанство]]то. За монасите, тој вели дека се многу далеку од вистинската [[религија]], а сепак, тие се исполнети со самољубие, сметајќи се себе за круна на побожноста, иако некои од нив не знаат ниту да читаат. Исто така, тој им се потсмева на монашките правила во однос на видот и бојата на облеката, бројот на часовите за спиење, бројот на свештеничките редови (францисканци, бенедиктинци, бернардинци, вилхелмити, јаковити, августинци, итн.). Во продолжение, Еразмо ги исмејува и проповедите на свештениците во кои тие прават разни гримаси и ги користат [[Реторика|реторичките]] правила за да го освојат вниманието на публиката, независно од тоа што проповедаат бесмислици.<ref>Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 74-79.</ref>
 
==Свештенството како тема во уметноста и во популарната култура==