Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Завршен дел од кореспонденцијата Википедија-МИФЦ
Две поправки
Ред 96:
:''Што се однесува до првото, Википедија тимот е и повеќе од задоволен од својата посветеност и постигнатите резултати. Имено, не половина, туку безмалку сите статии посветени на македонските филмови - кои, верувам, се сеќавате, пред иницијативата не беа ништо повеќе од приказ на работата на copy/paste командата - сега се средени и компатибилни со сите Википедија стандарди. И - а ова ми е големо задоволство да го кажам - без разлика на дозволата, голем дел од нив се плод на наша истражувачка работа и текстовите од МИФЦ ги користат само како референтно тело и непроценлив извор на информации.''
 
:''Но, се по ред. Најпрво, значи, се работеше на категоризација на статиите што имаат каква и да е врска со македонската кинематографија, што резултираше со следниов [[Шаблон:Македонски филмМакедонскиФилм|шаблон]], кој, како што можете да видите, дава можност за мошне концизно и прецизно вмрежување на статиите што ни се од интерес. Потоа беше изработена оваа [[листа на македонски филмови|листа на македонските филмови]], а симултано и [[Шаблон:Листа на македонски филмови|еден шаблон]] што овозможува лесна навигација низ општите статии за македонскиот филм и неговата хронологија. За жал, најопштата, изворна статија - [[Македонска кинематографија]] - засега не е средена, но тоа не е поради незаинтересираност да се направи ова, туку, сосема напротив, поради тешкотијата што една таква работа ја носи со себе и намерата оваа статија да биде една од врвните во нејзе епонимната констелација на статии: како што ќе видите, таа статија не е ништо повеќе од комбинација на неколку секции од страницата на МИФЦ, но, деновиве, откако ќе биде спроведено соодветно истражување, и таа ќе биде уредена. Во истиот шаблон, покрај овие две статии ќе видите уште една - [[Листа на македонски филмови понудени за номинација за Оскар|Листа на македонските кандидати за Оскар]]; со цел да се даде целосен преглед на сите македонски филмови кои биле почестени со ваква можност, се очекува изработка и на статијата [[Листа на југословенски филмови понудени за номинација за Оскар]] (за да не бидат изоставени [[Црно семе]] и [[Среќна Нова ’49]]). Секако, ова ви го соопштувам чисто информативно, зашто во наведената статија не се користи никаков текст од МИФЦ.''
 
:''Доколку имате време, можете слободно да ја разгледате [[Категорија:Македонски филмови|Категоријата:Македонски филмови]] - сите 37 филма што ќе ги најдете таму беа подложени на интервенции и уредувања, а 35 од нив се и комплетирани. Само за [[Пред дождот]] и за [[Прашина (филм)|Прашина]] не можеме да го кажеме тоа, бидејќи работата на нив почна пред малку. Како што ќе забележите, ниту кај нив, а ниту во една друга статија од современата македонска кино-продукција не е користен текстот од секцијата резиме што е редовна на соодветните статии од страницата на МИФЦ. Причината: токму кај нив се забележува целата љубов која што тимот на МИФЦ ја има вложено при креирањето на страницата, па сметавме дека би било сосема неправедно - така да кажеме - да ја злоупотребиме Вашата дозвола и, едноставно, да го препишеме вашиот труд.''
 
:''Токму ова, пак, беше инспирација и ние да направиме нешто такво, па, како што веќе ви напомеав, ова резултираше со оригинална истражувачка работа на Википедија тимот кој се обиде да ги разгледа повеќето рецензии и осврти на филмските критичари што се достапни на интернет (секцијата Резиме од Вашата страница беше, исто така, третирана како таква) и истите да ги конципира во соодветните статии во секција со наслов Реакции. За повеќето филмови - исклучок се само оние за кои немавме можност да се потсетиме - одново ја пишувавме содржината. Па така, не е тешко да видите дека многу од статиите - [[Бал-кан-кан]], [[Викенд на мртовци]], [[Збогум на 20-тиот век]], [[Илузија (филм)|Илузија]], [[Исправи се, Делфина]], [[Македонска крвава свадба]], [[Мис Стон (филм)|Мис Стон]], [[Преку езерото]], [[Сенки (филм од 2007)|Сенки]], [[Среќна Нова ’49]], [[Тетовирање (филм)|Тетовирање]], [[Тајната книга]]... - се, всушност, во голема мера, плод на неуморната работа на тимот на Википедија, кој се потруди и да изгледа неколку филма и да консултира што е можно повеќе извори и истите да ги искористи при конструирањето на статиите.''
 
:''Сепак, без разлика што се потрудивме, за безмалку ниту еден од филмовите на браќата Манаки не можевме да најдеме релевантен онлајн извор. Од оваа причина, тие статии се единствените кои користат текст од МИФЦ во поголема мера. Нормално, ова е и назначено на самиот врв на страницата помош на [[Шаблон:Текст од МИФЦ|шаблонот]] кој веќе Ви го презентиравме. Кога сме кај браќата Манаки и нивните филмови, и за нив беа изработени два мали шаблони за полесна навигација низ поврзаните статии ([[Шаблон:Филмови на браќа Манаки|Избрани филмови на браќата Манаки]] и [[Шаблон:Филмови на браќа Манаки за Хуриетот|Циклус филмови на браќата Манаки за Младотурската револуција]]). Како еден посебен омаж кон Вашата работа, покрај врската кон соодветната статија на Вашата страница во секцијата Надворешни врски, додадовме и еден линк од самата инфокутија; доколку ја посетите страницата на кој и да е филм (освен [[Сенки (филм од 2007)|Сенки]] за кој се уште нема статија на maccinema.com), ќе можете истиот да го видите на дното од инфокутијата.''
Назад на проектната страница „ВикиПроект Филм“.