Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Мала поправка
Завршен дел од кореспонденцијата Википедија-МИФЦ
Ред 85:
::::Абе предложувате некои бедни статии, а ја заборавивте [[Борат|легендата]]. Ако е дозволено за фиктивни ликови земете го [[Борат]]. Има доста опширна статија, уште малку, и може да се предложи дури и за избрана статија на главната страна. Туку за филм шо ќе правиме? <font color="#7BA05B" face="Comic Sans MS" size="3"> -- [[Корисник:Dav|dav]]<sup>([[Разговор со корисник:Dav|разговор]])</sup></font> 20:41, 17 септември 2008 (UTC)
:Всушност, не ни требаат големи, туку добри статии. Јас се обидував да ги потсредам оние за македонските филмови (види ја погорната секција), па повеќето од [[:Категорија:Македонски филмови|овде]] се, барем според мене, солидни статии. За барем десетина е доволно сосема мало проширување и веќе да имаме кандидат за избрана на порталов. А инаку кога се во прашање фиктивните ликови - мислам дека нема апсолутно никаква разлика кога е во прашање филмот меѓу реална и фиктивна личност: после ''[[Кога јагнињата ќе стивнат]]'', кога и да го видам [[Ентони Хопкинс]], помислувам на [[Ханибал Лектор]]. Со други зборови: нема причина зошто да не можат да бидат избрани и статиите за, условно речено, фиктивните ликови. --[[User:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]] <small>([[User talk:Виктор Јованоски|разговор]])</small> 22:46, 20 септември 2008 (UTC)
 
== Македонски филмови и МИФЦ ==
 
Се надоврзува на [[#Македонски филмови|погорната секција]]. Значи, според ветувањето, оваа порака му беше пратена на м-р Игор Старделов на 16ти септември:
 
:''Здраво Игор,''
 
:''Најпрво да ви се заблагодарам вам, а и на целата екипа што стои зад [http://maccinema.com Македонскиот Информациски Филмски Центар] не само за можноста што ни ја дадовте да ги користиме текстовите од Вашата страница, туку и за трпението што го имавте изминатиов период, на тој начин давајќи ни доволно време да ги уредиме соодветните статии. Во минатата порака, јас, од името на Википедија тимот, ветив две нешта: 1) дека до средината на септември (15ти или 16ти) ќе се обидеме да уредиме половина од статиите што содржат текст од страницата на МИФЦ и 2) дека нема да ја изневериме укажаната доверба. И бидејќи веќе пристигна роковната дата, ќе се обидам накратко да ви прикажам што работеше изминатиов период тимот на Википедија за на тој начин да имате можност да ни кажете дали сте задоволни и дали второто ветување е барем делумно исполнето.''
 
:''Што се однесува до првото, Википедија тимот е и повеќе од задоволен од својата посветеност и постигнатите резултати. Имено, не половина, туку безмалку сите статии посветени на македонските филмови - кои, верувам, се сеќавате, пред иницијативата не беа ништо повеќе од приказ на работата на copy/paste командата - сега се средени и компатибилни со сите Википедија стандарди. И - а ова ми е големо задоволство да го кажам - без разлика на дозволата, голем дел од нив се плод на наша истражувачка работа и текстовите од МИФЦ ги користат само како референтно тело и непроценлив извор на информации.''
 
:''Но, се по ред. Најпрво, значи, се работеше на категоризација на статиите што имаат каква и да е врска со македонската кинематографија, што резултираше со следниов [[Шаблон:Македонски филм|шаблон]], кој, како што можете да видите, дава можност за мошне концизно и прецизно вмрежување на статиите што ни се од интерес. Потоа беше изработена оваа [[листа на македонски филмови|листа на македонските филмови]], а симултано и [[Шаблон:Листа на македонски филмови|еден шаблон]] што овозможува лесна навигација низ општите статии за македонскиот филм и неговата хронологија. За жал, најопштата, изворна статија - [[Македонска кинематографија]] - засега не е средена, но тоа не е поради незаинтересираност да се направи ова, туку, сосема напротив, поради тешкотијата што една таква работа ја носи со себе и намерата оваа статија да биде една од врвните во нејзе епонимната констелација на статии: како што ќе видите, таа статија не е ништо повеќе од комбинација на неколку секции од страницата на МИФЦ, но, деновиве, откако ќе биде спроведено соодветно истражување, и таа ќе биде уредена. Во истиот шаблон, покрај овие две статии ќе видите уште една - [[Листа на македонски филмови понудени за номинација за Оскар|Листа на македонските кандидати за Оскар]]; со цел да се даде целосен преглед на сите македонски филмови кои биле почестени со ваква можност, се очекува изработка и на статијата [[Листа на југословенски филмови понудени за номинација за Оскар]] (за да не бидат изоставени [[Црно семе]] и [[Среќна Нова ’49]]). Секако, ова ви го соопштувам чисто информативно, зашто во наведената статија не се користи никаков текст од МИФЦ.''
 
:''Доколку имате време, можете слободно да ја разгледате [[Категорија:Македонски филмови|Категоријата:Македонски филмови]] - сите 37 филма што ќе ги најдете таму беа подложени на интервенции и уредувања, а 35 од нив се и комплетирани. Само за [[Пред дождот]] и за [[Прашина (филм)|Прашина]] не можеме да го кажеме тоа, бидејќи работата на нив почна пред малку. Како што ќе забележите, ниту кај нив, а ниту во една друга статија од современата македонска кино-продукција не е користен текстот од секцијата резиме што е редовна на соодветните статии од страницата на МИФЦ. Причината: токму кај нив се забележува целата љубов која што тимот на МИФЦ ја има вложено при креирањето на страницата, па сметавме дека би било сосема неправедно - така да кажеме - да ја злоупотребиме Вашата дозвола и, едноставно, да го препишеме вашиот труд.''
 
:''Токму ова, пак, беше инспирација и ние да направиме нешто такво, па, како што веќе ви напомеав, ова резултираше со оригинална истражувачка работа на Википедија тимот кој се обиде да ги разгледа повеќето рецензии и осврти на филмските критичари што се достапни на интернет (секцијата Резиме од Вашата страница беше, исто така, третирана како таква) и истите да ги конципира во соодветните статии во секција со наслов Реакции. За повеќето филмови - исклучок се само оние за кои немавме можност да се потсетиме - одново ја пишувавме содржината. Па така, не е тешко да видите дека многу од статиите - [[Бал-кан-кан]], [[Викенд на мртовци]], [[Збогум на 20-тиот век]], [[Илузија (филм)|Илузија]], [[Исправи се, Делфина]], [[Македонска крвава свадба]], [[Мис Стон (филм)|Мис Стон]], [[Преку езерото]], [[Сенки (филм од 2007)|Сенки]], [[Среќна Нова ’49]], [[Тетовирање]], [[Тајната книга]]... - се, всушност, во голема мера, плод на неуморната работа на тимот на Википедија, кој се потруди и да изгледа неколку филма и да консултира што е можно повеќе извори и истите да ги искористи при конструирањето на статиите.''
 
:''Сепак, без разлика што се потрудивме, за безмалку ниту еден од филмовите на браќата Манаки не можевме да најдеме релевантен онлајн извор. Од оваа причина, тие статии се единствените кои користат текст од МИФЦ во поголема мера. Нормално, ова е и назначено на самиот врв на страницата помош на [[Шаблон:Текст од МИФЦ|шаблонот]] кој веќе Ви го презентиравме. Кога сме кај браќата Манаки и нивните филмови, и за нив беа изработени два мали шаблони за полесна навигација низ поврзаните статии ([[Шаблон:Филмови на браќа Манаки|Избрани филмови на браќата Манаки]] и [[Шаблон:Филмови на браќа Манаки за Хуриетот|Циклус филмови на браќата Манаки за Младотурската револуција]]). Како еден посебен омаж кон Вашата работа, покрај врската кон соодветната статија на Вашата страница во секцијата Надворешни врски, додадовме и еден линк од самата инфокутија; доколку ја посетите страницата на кој и да е филм (освен [[Сенки (филм од 2007)|Сенки]] за кој се уште нема статија на maccinema.com), ќе можете истиот да го видите на дното од инфокутијата.''
 
:''Привршувајќи ја поракава, сфаќам дека токму МИФЦ послужи како некој вид на катализатор за нашата работа. Уште повеќе (ќе си дадам слобода да кажам): без Вашата дозвола, средувањето на статиите поврзани со македонските филмови сигурно ќе се оддложуваше до недоглед. Па така, на некој начин, чувствувам потреба да ви се заблагодарам и за тоа.''
 
:''Но нормално, нашата работа ни оддалеку не е завршена. Истовремено, истата има веќе обезбедено една стабилна подлога. Категоријата Македонски филм е стандардизирана, но, во иднина, има намера да се подобрува и квантитативно и квалитативно и - иако договорот меѓу уредувачите на Википедија е премолчан - примарно значење да му дава токму на второво. Оттука, статиите на страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар ќе бидат, пред се, референтни и само во случај на недостаток на други релевантни извори, ќе се осмелиме да искористиме некој подолг дел од текстот. Излишно е да напоменам дека ваквиот чин ќе биде проследен и со соодветна назнака за изворот.''
 
:''До нашиот следен контакт -''
 
:''Срдечни поздрави,''
:''[[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]],''
:''администратор на Википедија на македонски јазик.''
 
А еве го и одговорот на Игор:
 
:''Здраво Виктор,''
 
:''Најпрвин да ви честитам за одлично завршената работа, и квантитативно и квалитативно (се чудам од каде Википедија тимот најде толку жар и љубов да го среди сето тоа, браво).''
 
:''Дека работата не е завршена, а богами и никогаш нема да биде, ние тоа најдобро го знаеме, тоа ми е сосема јасно, но искрено се надевам дека соработката може да биде взаемна.''
 
:''Веројатно знаеш каква е состојбата во културата, со вработени, со пари и то. И ние колку можеме тој сајт го одржуваме, и по малку и го ажурираме. Затоа, би те замолил, доколку имате било какви информации за македонската кинематографија, а ние ги немаме објавено на сајтот, да ми ги препраќаш. Овде сакам да напоменам дека Кинотеката се грижи, најпрвин, за македонската продукција снимена на филмска лента, и многу малку информации добиваме за она што се нарекува електроника. Токму за тие филмови што се снимени на електроника, податоците се добредојдени.''
 
:''И уште нешто на крај. Не знам дали знаеш, дали сте виделе, на МИФЦ има една секција што се вика книжарница, таму он лајн се печатените изданија на Кинотеката, па доколку не сте ги прочитале, еве ви можност да најдете интересни текстови и информации.''
 
:''Поздрав,''
:''Игор.''
Назад на проектната страница „ВикиПроект Филм“.