Пофалба на глупоста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
дополнување, илустрирање
Ред 1:
'''Пофалба на глупоста''' ([[латински]]: ''Stultitiae Laus or Moriae Encomium''; [[грчки]]: ''Μωρίας ἐγκώμιον'') - книга на холандскиот [[хуманист]] [[Еразмо Ротердамски]], напишана во 1509 година, а објавена во јуни 1511 година.
 
==Содржина==
[[Податотека:HolbeinErasmusFollymarginalia.jpg|мини|Ханс Холбајн, Цртеж на Глупоста на првото издание на „Пофалбата на глупоста“ (1515), личен примерок на Еразмо Ротердамски (''Kupferstichkabinett'', [[Базел]])]]
Книгата се состои од предговор и главен текст.
===Предговор===
Предговорот, напишан на 9 јуни 1508 година, е насловен како „Еразмо Ротердамски му испраќа поздрав на својот [[Томас Мор]]“ и во него авторот го објаснува постанокот на книгата за која соопштува дека ја напишал за време на патувањето од Италија во Англија. Притоа, размислувајќи за заедничките пријатели, Еразмо најпрвин помислил на Томас Мор кој го инспирирал за делото, особено имајќи предвид дека презмите Мор асоцира на латинскиот збор ''moria'' што значи „глупост“. Познавајќи го како духовит човек, кој ги сака шегите, Еразмо му ја посветува книгата на својот пријател Мор, очекувајќи дека тој ќе ја брани од злонамерните напади. Исто така, во предговорот, Еразмо посочува низа примери во кои големите писатели пишувале шеговити дела ([[Хомер]], [[Овидиј]], [[Поликрат]], [[Лукија]], [[Сенека]], [[Плутарх]], [[Апулеј]] итн.), кои често се покорисни од углендите и педантните расправи.<ref>Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 5-7.</ref>
 
===Зборува Глупоста===
Својот говор, Глупоста ја започнува така што се претставува себе, велејќи дека има божествено потекло, т.е. нејзиниот татко е богот [[Плутон (митологија)|Плутон]], а нејзината мајка е [[нимфа]]та Неота. Потоа, Глупоста вели дека на човекот му ги подарила [[живот]]от и уживањето.<ref>Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 11-18.</ref>
 
== Наводи ==