Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

→‎Творештво: дополнување
(→‎Творештво: дополнување)
Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата [[Андалузија]], за кулите, камбаните и зорите на [[Гранада]], [[бик]]овите и тореросите, [[Роми|Циганите]] и нивните песни и ритми, насадите со [[маслина|маслини]] и [[портокал]]и итн. Неговите [[стих]]ови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик. Лорка останал настрана од тогашниот водечки поетски правец во Шпанија - [[ултраизам]] (шпанска варијанта на [[модернизaм|модернизмот]]), но од него ги презел најсмелите и најтешките елементи.
 
Своето прво дело Лорка го објавил во 1918 година - збирката песни во проза „[[Импресии и пејзажи]]“, а во 1921 година се појавила неговата прва поетска збирка, „Книга песни“. Во 1925 година објавил неколку песни од подоцнежните збирки „Цигански романсеро“ и „Песната на канте ходно“ и ја завршил драмата во стихови „[[Маријана Пинеда]]“ која била поставена на сцената две години подоцна, во [[режија]] на [[Маргарита Хиргу]], а [[сценографија]]та била дело на [[Салвадор Дали]]. Во 1927 година го напишал есејот „Поетската слика кај Гонгора“; една година подоцна излегла од печат збирката „[[Цигански романсеро]]“, а истата година напишал неколку песни од подоцнежната збирка „[[Поетот во Њујорк]]“; во 1930 година, во [[Мадрид]] била поставена неговата пиеса „[[Чудесната чевларка]]“; во 1931 година била објавена збирката „[[Песната на канте хондо]]“, како и некои песни од „Поетот во Њујорк“, а истовремено почнал да го пишува циклусот „Тамаритски диван“; во 1933 година биле прикажани драмите „[[Крвави свадби]]“ и „[[Љубовта на дон Перлимплин]]“; во 1934 година се одржала првата изведба на драмата „[[Јерма]]“ и ја напишал поемата „Тажачката за И. С. Мехијас“, која ја прочитал во Мадридскиот театар при стотата претстава на „Јерма“; во 1935 година излегле од печат шесте галициски песни, како и неколку газели и касиди, а ја напишал и „Дона Росита или говорот на цвеќето“; во 1936 година биле објавени „Крвави свадби“ и „Први песни“, а пред поетите Гиљен, Алонсо и де Торе за првпат ја прочитал драмата „[[Домот на Бернарда Алба]]“. Првите собрани дела на Лорка биле објавени во 1938 година, во [[Буенос Аирес]], а во Шпанија, неговите собрани дела биле објавени дури во 1954 година.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-156157.</ref>
 
Најпознати негови дела се:
* „Домот на Бернарда“ (драма).
 
Најпознати песни муна Лорка се: „Неверна жена“, „Плач за Игнасио Санчес Мехијас“ (напишана по повод смртта на големиот пријател на Лорка - славниот шпански [[тореадор]] во август 1935 година) и „Романса на шпанската жандармерија“.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.</ref>
 
Во едно писмо, Лорка вака ја опишал својата книжевна постапка: „Сега пишувам [[поезија]] за да се отворат [[Вена|вените]], со [[емоција]] во која се огледува целата моја љубов кон нештата и мојата радост кон нештата. Љубовта на смртта и фарсата на [[смрт]]та. [[Љубов]]та. Моето [[срце]]. Така е тоа. По цел ден развивам, како некаква [[фабрика]], поетска активност“.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.</ref> Во друга прилика, на едно предавање за својата поетика, тој истакнал дека „не верува во уметникот што седи, туку во уметникот кој е постојано во движење“.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 153.</ref>
 
===Осврт кон творештвото на Лорка===
Творештвото на Лорка било предмет на бројни студии, предавања, есеи и книги, а за него пишувале: [[Рафаел Алберти]], Алтолагире, Сернуда, Хименес, Дали, Мачадо, Гиљен, Хернандес, [[Пабло Неруда]], Паро, Пандолфи, Диего, Касу, Салинас, де Торе, Цара, Беламиш, итн.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 157.</ref>
 
Автентичната и генијална поезија на Лорка, една од големите обновителки на новата шпанска лирика, поаѓа од убавината и богатството на шпанската народна песна и од барокниот раскош и виртуозната поезија на [[Луис де Гонгора]]. Сепак, нуркањето на Лорка во шпанската народна и книжевна традиција не одделила од современите текови во поезијата. Навистина, неговиот вкус, ерудиција и фантазија ѝ се спротивставуваат на помодноста, но во неговите стихови се огледаат сликите на негвоите учители, Мачадо и Хименес, како и [[Метафора|метафорите]] на [[Модерна|модерната]] европска поезија, од [[Симболизам|симболизмот]] до [[Надреализам|надреализмот]].<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 154-155.</ref>