Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 25:
 
== Биографија ==
Федерико Гарсија Лорка е роден на [[5 јуни]] [[1899]] година во [[Фуентевакверос]], во шпанската провинција [[Гранада]], во семејство на имотни земјопоседници. ОсновоВо еден свој [[есеј]] за Лорка, Луј Паро пишува дека од својто татко (земјопоседник), поетот ја наследил љубовта кон земјата, андалузиската [[душа]] и благодарноста, а од својата мајка (учителка) - дарбата, интелигенцијата и љубовта кон уметноста.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 154.</ref> Основото [[училиште]] учелго завршил во [[Алмерија]]. Во [[1919]] година за првпат го посетил [[Мадрид]] каде се запознал и се спријателил со големите шпански уметници - [[Салвадор Дали]], [[Луси Буњуел]], [[Бергамино]] итн. Во [[1923]] година ги започнал студиите по право во Гранада [[философија]] и [[право]], истовремено учејќи да свири на [[гитара]] и на [[пијано]]. Во [[1927]] година, во [[Барселона]], Дали и неколку пријатели на Лорка организирале изложба на боените цртежи на Лорка. Во [[1929]] година учествувал на конференцијата во Лицеум-клубот во [[Мадрид]] на тема: „Имагинацијата, инспирацијата и простирањето во поезијата“. Пролетта [[1930]] година, Лорка престојувал во [[Њујорк]] и во [[Куба]], каде одржал низа предавања.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-156.</ref> <ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.</ref>
 
Во [[1931]] година, заедно со [[Едуардо Угарте]], Лорка бил назначен за директор на универзитетскиот театар „La Barraca“, во кој работел и како [[режисер]]. Со театарот, Лорка патувал низ селата ширум [[Шпанија]], прикажувајќи ги претставите на класиците: [[Сервантес]], [[Лопе де Вега]], [[Тирсо де Молина]] и [[Калдерон де ла Барка - Педро|Калдерон]]. Во текот на [[1933]]-[[1934]] година патувал по [[Јужна Америка]] ([[Аргентина]], [[Бразил]] и [[Уругвај]]). Во Аргентина останал цели шест месеци, исполнети со предавања, режирање и соработка со разни списанија. Во декември [[1934]] година се вратил во [[Шпанија]]. Во 1936 година, Лорка се подготвувал за ново патување во Њујорк и во [[Мексико]], но во јули започнал бунтот на генералот [[Генерал Франко|Франко]]. Истата година, на 16 август, Лорка се вратил во родната Гранада. На 19 август 1936 година, поради неговите напредни идеи, франкистите го стрелале во околината на Гранада.<ref>Tanasije Mladenović, „F. G. Lorka“, во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.</ref> <ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-156.</ref>