Петре М. Андреевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 37:
 
== Биографија ==
Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во [[Битола]], а студирал на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] во Скопје, на групата по [[југословенска книжевност]].<ref>Петре М. Андреевски, ''Дениција''. Скопје: Три, 2005, стр. 69.</ref> Работел во [[Македонска телевизија|Македонската телевизија]]. Бил уредник на списанието „[[Разгледи]]“. Андреевски бил член на [[Македонска академија на науките и уметностите|Македонската академија на науките и уметностите]], на [[Македонски ПЕН центар|Македонскиот ПЕН центар]]и на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]] (од [[1964]] година, a во [[1983]] година бил и негов претседател)<ref>Петре м. Андреевски, Пиреј, Табернакул, Скопје, 2002, стр.263</ref>.
 
== Литературно творештво ==
[[Податотека:Гробот на Петре М. Андреевски.JPG|мини|десно|250п|Гробот на на Петре М. Андреевски во [[Слоештица]].]]
[[Податотека:Петре М. Андреевски-марка.jpg|мини|десно|Марка на [[Македонска пошта]] по повод 75 години од раѓањето на Петре М. Андреевски (ФДЦ 15б/2009, 4 ноември 2009)]]
 
Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: [[роман]]и, [[поезија]], раскази, [[Драма|драми]], [[Есеј|есеи]] и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: [[Српски јазик|српски]], [[Хрватски јазик|хрватски]], [[Француски јазик|француски]], [[Романски јазик|романски]], [[Англиски јазик|англиски]], [[Шпански јазик|шпански]], [[Јапонски јазик|јапонски]] итн. Во два наврати ([[1984]] и [[2002]] година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.<ref>Петре М. Андреевски, ''Дениција''. Скопје: Три, 2005, стр. 69.</ref>
 
Ред 80 ⟶ 77:
 
== Награди ==
Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (два пати), „Рациново признание“ (два пати) и „Стале Попов“ (два пати).<ref>Петре М. Андреевски, ''Дениција''. Скопје: Три, 2005, стр. 69.</ref>
 
На [[9 октомври]] [[2007]], [[Претседател на Република Македонија|Претседателот на Република Македонија]] - [[Бранко Црвенковски]], постхумно му доделил [[Орден за заслуги за Македонија]], за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Ред 90 ⟶ 87:
* [[Пиреј]]
* [[Македонска книжевност]]
 
 
{{Македонија-писател-никулец}}