Фати ме ако можеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 1:
'''Фати ме ако можеш''' ([[англиски]]: ''Catch Me If You Can'') е американски [[филм]] од 2002 година, во [[режија]] на [[Стивен Спилберг]]. Главните улоги ги толкуваат: [[Леонардо Ди Каприо]], [[Том Хенкс]], [[Кристофер Вокен]], [[Ејми Адамс]] и [[Мартин Шин]]. Филмот е снимен според вистинска приказна.
== Содржина ==
Френк Абегнејл (го игра Ди Каприо) е тинејџер чиј татко (го глуми Вокен) има проблеми со даночните органи, така што мора да се преселат од пространата куќа во мал стан. Истовремено, тој е сведок дека неговата мајка има врска со друг маж. Гледајќи ги финансиските проблеми на својот татко, Френк се впушта во серија измами, мислејќи дека така ќе собере доволно [[пари]] за да го спаси [[Семејство|семејството]] кое се распаѓа пред неговите [[очи]]. Затоа, тој се преправа дека е пилот и започнува да фалсификува [[Чек|чекови]], а кога [[Полиција|полицијата]] му влегува во трагата, тој се преправа во лекар, а потоа и во адвокат. На денот на неговата [[свадба]], во куќата на неговата невеста упаѓа полицијата, но Френк во последен миг успева да побегне. Сепак, најпосле, тој е уапсен на [[Југ|југот]] на [[Франција]] (во родното место на мајка му) и детективот (го глуми Хенкс) со [[авион]] го носи во [[САД]]. Додека слетува авионот, Френк успева да побегне и оди во куќата каде што живее неговата мајка, која има нов маж и девојче. Френк сфаќа дека нема надеж да го обедини неговото семејство и се предава. Откако е затворен, еден ден, тој му помага на детективот да фати еден фалсификатор на чекови и оттогаш, тој работи за полицијата.<ref>„Потера по најголемиот измамник во светот“, ''Антена'', број 845, 5.9.2014, стр. 3.</ref> <ref>„Фати ме ако можеш“, ''Антена'', број 876, 10.4.2015, стр. 15.</ref> <ref>„Биографска приказна за генијалниот измамник-тинејџер“, ''Антена'', број 872, 13.3.2015, стр. 3.</ref>
Ред 6:
{{наводи}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија: Американски филмови]]
[[Категорија: Филмови на англиски јазик]]
[[Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во САД]]
[[Категорија: Филмови на Стивен Спилберг]]
[[Категорија: Филмови со Леонардо Ди Каприо]]
[[Категорија: Филмови со Том Хенкс]]
[[Категорија: Филмови од 2002 година]]
[[Категорија: Филмови со Кристофер Вокен]]
[[Категорија: Филмови со Мартин Шин]]