Месечина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53:
Освен [[Планински венец|планинските]] венци, на Месечината можат да се видат и [[Кратер|кратери]] или вртачи, кои повторно носат имиња по најпознатите светски научници. Најдлабок е [[Њутнов кратер|Њутновиот кратер]] ([[Исак Њутн]]), со длабочина од околу 7250 м. Тие кратери се со многу голем пречник (до 300 км). Иако рабовите им изгледаат стрмни, тие се со многу мал наклон. Тоа откритие му припаѓа на Германецот [[Јозеф Хопман]] (''Josef Hopmann''), кој пронашол специјални методи за истражување со помош на должината на сенките. На Месечината се откриени околу 30 илјади кратери.
 
== Физички карактеристики ==
== Карактеристики ==
Месечината е цврсто [[небесно тело]] со пречник од 3473,3 км. По површина, таа е 14 пати, по обем е 50 пати, а по маса е 80 пати помала од Земјата. [[Гравитација]]та на Месечината е шест пати помала отколку онаа на Земјата.
 
На Месечината нема [[атмосфера]] за да може да се пренесува звук, а поради немањето атмосфера Месечината многу брзо се лади и се загрева. Во текот на еден месечев ден, кој трае 14 земски дена, температурата се искачува на +120 °C, а во текот на ноќта се спушта до -160°С. Токму овие промени се причина нејзината површината да биде пустинска и безживотна, составена од карпи и длабок слој на прав. Месечината била покриена со [[кратери]] формирани од [[астероиди]] кои паѓале на месечината по нејзиното [[создавање]]. Некои од нив ја пробиле месечевата кора, при што [[лава]]та истекла на [[површина]]та. Тоа се темните „мориња“ кои можат да се видат од Земјата.
 
Месечината околу Земјата се движи по [[елипса|елипсеста]] патека со просечна брзина од 1,02 км/сек, и поминува дневен лак од 13 степени и 10 минути. Едно цело свртување околу Земјата прави за 27 денови, 7 часа и 11,5 секунди<ref>{{Cite journal|last = Wieczorek|first = M.|coauthors = ''et al.''|title = The constitution and structure of the lunar interior|journal = Reviews in Mineralogy and Geochemistry|volume = 60|issue = 1|pages = 221–364|year = 2006|doi = 10.2138/rmg.2006.60.3}}</ref>, што се нарекува [[сидерички месец]]. Месечевата патека е подложна на силни температурни вибрации што ги предизвикува [[Сонце|Сонцето]], па наклонот на патеката спрема еклиптиката во текот на 173 денови се менува од 5 степени до 5 степени и 18 минути.
 
[[Гравитација]]та на Земјата ја врти Месечината околу нејзината орбита. Месечината се оддалечува 3-4 cm од Земјата. [[Гравитација]]та на Месечината ги привлекува нашите [[океан]]и, предизвикувајќи “прилив“ ([[плима]]) и “одлив“ ([[осека]]) и го забавува ротирањето на планетата Земја за еден стоти дел од секундата на еден век. Ние, од Земјата постојано ја гледаме истата страна на Месечината. Имено, околу 40 % од површината на Месечината за нас е невидлива.
 
=== Атмосфера ===
На Месечината нема [[атмосфера]] за да може да се пренесува звук, а поради немањето атмосфера Месечината многу брзо се лади и се загрева.
 
== Месечеви мени ==