Мина (оружје): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница
(нема разлика)

Преработка од 22:54, 19 декември 2018

Под терминот мина спаѓа секое средство кое се наоѓа под површината или на земјата, кое е наменето да експлодира, при контакт со некое лице или возило.

Мина

Во 19 век мините се нарекувале подводни или подземни [торпеда]. Во [[Првата светска војна], мините се нарекувале големи подземни експлозивни средства, кој служеле, како оружје за кревање во воздух на противничкиот фронт.

Со појавувањето на специјални противтенковски експлозивни полнила, терминот мински полиња во Втората светска војна почнува да се користи за сите произведени експлозивни полнила со вградено палење, за акција против луѓето и возилата. Името на мината исто така се користело за ракетен фрлач.

Основни делови на мината

  • Тело
  • Запалка и
  • експлозивен полнеж.

Телото е куќиште во кое се наоѓа целиот систем на мините. Обликот и големината на телото се од големо значење, како и материјалот од кој е направен. Тој мора да ја заштити содржината во внатрешноста на мината и мора да биде доволно цврст за инсталирање. Најчесто користен материјал за телото на мините е пластиката, металот и дрвото во постарите конструкции. Запалката е механизмот преку кој мината го препознава видот на целта над него и ги испраќа импулсите за активирање на детонаторот.

Против пешадиски мини

Противпешадиските мини се дефинирани како видови на мини кој нанесуваат штети на луѓе и превозни средства. Во литературата на англиски постои поим за така наречени анти-кадровски. Буквално преведена, - {анти-персоналска) - значи против луѓето, против персонал, итн. Терминот анти-персонал е досега широко распространет во нашата воена наука и практика. Сам по себе, овој термин се означува како нешто што е поврзано со војници на бојното поле или воена употреба на ова оружје и јасно укажува на тоа дека овие оружја им нанесуваат штета на своите жртви за време на вооружениот конфликт, особено во редовите на војската и пешадијата.

Пластични мини

Пластичните мини се официјално забранети за употреба во војна, бидејќи тие се сметаат за поопасни од металните мини, претежно затоа што тие се тешко откриени за време на војната, како и по завршувањето. Тие предизвикуваат сериозни повреди на жртвата на која се активира, а пластиката што останува во телото на жртвата е тешко да се открие.

= Анти - минирање

Мините се понов пронајдок, во вооружените сили на армиите на светот ги има во исклучително голем број, но повеќето се различни по формата, целта, принципот на дејствување и начинот на инсталација. Често е за нив да бидат релативно евтини и многу ефикасни оружја. Мините масовно се користат и лесно можат да се постават, но нивното отстранување е многу тешко. Се претпоставува дека има повеќе од сто милиони од нив, а нивниот процес на уништување е исклучително бавен, неефикасен и скап процес кој не може да се заврши со сегашниот интензитет на работа.