Јордан Хаџи Константинов-Џинот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Дела: Не е категорично
Ред 20:
Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во [[1845]] година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”, а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: “Плач на скопското училиште многотрудное” (објавена во „Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори за отворање на училишта и борбата со гркоманските свештеници и чорбаџии; “Дионис Вакхо” ; “Труд ми е името” која е вистинска [[апотеоза]] на трудот; “Рај божји”; “Аврора” во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската функција на просветата; “Крај реката Вардар” и “Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера” која е една од најдолгите песни во [[Македонија]] од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици од Скопското училиште во дворот на црквата [[Света Богородица]]. Тоа се “Миневра и девет музи”, “Разговор или прави человек”, “Училиште и учение”, “Басна”, “Сербија шетаетсја в земел своих”. Првите четири од наведените драмски обиди отпечатени се во “Цариградски весник”, а во драмите „Минерва и девет музи“ и „Сербија шетаетсја в земел своих“ ја изразуваат неговата идеја дека ослободувањето од долговековното турско ропство и од духовното туторско на грчката црква лежи во македонското национално единство и слободната соработка на словенските земји. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител заедно со [[Кирил Пејчиновиќ]] и [[Јоаким Крчовски]].
 
Во своето''Цариградски творештвовесник'' од [[1855]] година, Јордан Хаџи-Константинов - Џинот категорично се изјаснува како [[Бугари|бугарин]].<ref>Цариградски весник, бр. 44 од 1855 година <br />''"Нека служим роду моему, ако е и за крива Бога. Не е честно мене Болгарину да отчаявам и да вракям зло за зло. Болгарин прави и верни и благородни човек, Болгарин е любитель всякое добро, Болгарин е срамота да се отричува от своя род и язык, той Болгарин, който родо свой си хули името му е ни ден ни нощ. Аз сам Болгарин, плачем за нашите изгубени болгаре, които са во Долна Мисия, затова сдолжни сме да ся жертвуваме за бракята наши пресладкии болгари. многоревностнии Юрдан х. Константинов"''</ref>
 
== Објавени книги ==