Разгледи: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Статија за литературното списание „Разгледи“.
(нема разлика)

Преработка од 01:22, 19 декември 2018

Разгледи е македонско списание за литература и култура оформено во 1954 година.

Историја

Првиот самостоен број на списанието „Разгледи“ бил објавен на 21 август 1955 година во уредништво на Јован Бошковски. Претходно списанието било објавувано како подлисток на „Нова Македонија“. Од 1959-та година форматот и нумерацијата доживеале промени, а списанието почнало да излегува месечно. Во 1964 добива поднаслов - списание за литература, уметност и култура, а во 2005 поднасловот бил променет во - списание за литература, уметност, култура и духовност.

Уредници

Главни и одговорни уредници на „Разгледи“ биле авторите:

1955 - Јован Бошковски 1957 - Владо Малески 1957 - Коле Чашуле 1964 - Димитар Солев 1971 - Петар Т. Бошковски 1977 - Благоја Иванов 1982 - Данило Коцевски 1987 - Александар Поповски 1990 - Данило Коцевски 2004 - Петар Волнаровски

Во уредувањето на „Разгледи“ учествувале авторите: Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Атанас Вангелов, Александар Спасов, Влада Урошевиќ, Бранко Пендовски, Цане Андреевски и други.

Во периодот на книжевните полемики, „Разгледи“ се востановило како бастион на модернистите, а ривал на „Разгледи“ било списанието за литература „Современост“.