Панк-рок: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
поправка на правопис - американски
Ред 3:
 
=== Потекло и развој ===
Панкот бил реакција на алчноста на [[музичка индустрија|дискографската индустрија]], гломазноста и помпезноста на [[прогресивен рок|прогресивниот рок]], на стадионските [[глам рок]] атракции, слатката [[поп]] продукција и социјалните прилики – посебно во [[Велика Британија]]. Поедноставно објаснување дал еден америчкиамерикански [[рок]] критичар: “Панкот настојувал да му врати на рокот сето она што го изгубил станувајќи мегауспешен масовен феномен... да не се појавеше панкот, рокот би исчезнал“. Во [[САД]] панк движењето се развило многу порано отколку во Велика Британија. Помеѓу почетниците треба да се спомнат [[The Ramones]] и групите и изведувачите собрани околу Њујоршкиот CBGB клуб, кои во текот на [[1975]] и [[1976]] настапуваат [[Пети Смит]], [[Talking Heads]], [[Heartbreakers]] и други.
 
Во Британија во втората половина на седумдесетите години, минатиот век во првиот ред на панкот се појавуваат [[The Sex Pistols]], чии главни карактеристики биле провокативниот сценски настап, експлозивни гитариски рифови на трагата на класичниот едноставен рокенрол од педесеттите и шеесеттите како например Eddie Cohran, Gene Vincent, The Who, [[Small Faces]] итн. како и анархоидни текстови. Претставниците на панкот се залагаат за идејата, рудиментарната енергија на базичниот рок и „направи-сам“ естетиката. Агресивните сценски настапи често биле компензација за слабите инструментални способности на изведувачот, но наспроти тоа панкот за себе го осигура огромниот одзив кај адолесцентската британска публика која, за разлика од американската, ги прифатила како генерациски исказ. Поради тоа тврдењето дека панкот никогаш не е “мртов“, туку менувајќи се, се разгранува и се трансформира, изгледа реално и вистинито.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Панк-рок