Разлика помеѓу преработките на „Преспански договор“

нема опис на уредувањето
(Одбиена последната промена (од Sashko1999) и ја поврати преработката 3785851 на Kiril Simeonovski)
== Реакции ==
=== Македонија ===
[[Податотека:Anti NATO sentiment graffiti in Macedonia 2018.jpg|мини|лево|Анти-НАТО и про-Бојкотирам графит во Охрид]]
Македонската јавност реагирала поделено во однос на договорот. Претседателот на [[Претседател на Македонија|Македонија]], [[Ѓорѓе Иванов]] истакнал дека нема да го потпише договорот, класифицирајќи го истиот како штетен за земјата и дека истиот значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.<ref>{{нмс|title=Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција|url=http://www.dw.com/mk/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-44211643|work=Дојче Веле на македонски јазик|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Следниот ден на 13 јуни, откако било прогласено решение, на средба со претседателот Иванов биле премиерот [[Зоран Заев]] и шефот на дипломатијата [[Никола Димитров (дипломат)|Никола Димитров]] кои му го предале договорот. Во медиумите било објавено дека средбата поминала во непријатна атмосфера и истата траела 2 минути, по што претседателот „им ја покажал вратата“ на Заев и Димитров.<ref>{{нмс|title=По 2 минутната средба со Заев и Димитров, Иванов им ја покажал вратата|url=https://kurir.mk/makedonija/vesti/po-2-minutnata-sredba-so-zaev-i-dimitrov-ivanov-im-ja-pokazal-vratata/|work=Курир|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Иванов за време на посета на [[Бугарија]] следниот ден изјавил дека тоа се медиумски лаги и дека откако го добил документот со договорот немал што повеќе да разговара на таа тема бидејќи, како што рекол тој, „за прв пат ми беше донесен документ во кој не сум вклучен ниту запознаен“.<ref>{{нмс|title=Иванов: Не сум бил вклучен во договорот, сами нека си го завршат|url=https://republika.mk/927550|work=Република|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
Претседателот на најголемата опозициска партија во државата [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Христијан Мицкоски]], го карактеризирал договорот како капитулација и дека истиот претставува пораз за Македонија. Тој побарал од Заев обврзувачки, а не консултативен референдум и се изјаснил дека на истиот ќе гласа против. Мицкоски исто така потенцирал дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно „власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори“.<ref>{{нмс|title=Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија|url=https://sitel.com.mk/mickoski-dogovorot-e-kapitulacija-za-makedonija|work=Сител|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Ден по изјаснувањето дека е постигнато решение за спорот за името, спонтано повеќе здруженија меѓу кои Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско Братство како и навивачката група [[Комити Запад]] иницирале протест пред [[Собранието на Република Македонија]].<ref>{{нмс|title=Протест во Скопје против договорот за менување на името|url=https://sitel.com.mk/protest-vo-skopje-protiv-dogovorot-za-menuvanje-na-imeto|work=Сител|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> На истиот биле приведени десетмина учесници во протестот кои маскирани со фантомки кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.<ref>{{нмс|title=Десетмина приведени по вчерашните протести пред Собранието|url=https://telma.com.mk/desetmina-privedeni-po-vcherashnite-protesti-pred-sobranieto/|work=Телма|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
Два часа по потпишувањето на договорот во [[Нивици]] на грчка страна, на околу два часа оддалеченост во [[Битола]] бил организиран протестен марш од ВМРО-ДПМНЕ на кој учествувале околу 1.500 луѓе. Маршот бил предводен од транспарент на кој бил ставен цитат од [[Тодор Александров]] - „Организацијата е народот и народот е организацијата“, а бил претставен и крст на кој пишувало „Република северно од Македонија“. Самиот протест започнал со погребни песни и стихови од панихиди од спортската сала во Битола кон градскиот плоштад.<ref>{{нмс|title=ВМРО-ДПМНЕ со цитат од Тодор Александров го почна протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vmro-dpmne-tsitat-od-todor-aleksandrov-go-pochna-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Јас и по цена на животот нема да го прифатам капитулантското дело на Заев, рече Мицкоски на протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jas-po-tsena-na-zhivotot-nema-da-go-prifatam-kapitulantskoto-delo-na-zaev-reche-mitskoski-na-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
=== Грција ===
Противниците на договорот во Грција реагирале со низа протести. За време на дебатата за доверба на владата на [[Алексис Ципрас]] во грчкиот парламент, пратеникот на крајнодесничарската партија [[Златна Зора]], [[Константинос Барбариус]] побарал од грчката војска да ја испочитува дадената војничка заклетва за одбрана на државата и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана [[Панос Каменос]] и претседателот [[Прокопис Павлопулос]] што бешебило сфатено како повик за воен пуч. По ваквото изјаснување на Барбариус, претседателот на партијата, [[Никос Михалољакос]] во согласност со неговата пратеничка група донел одлука да го отстрани Барбариус од партиската листа на Златна Зора, поради тоа што, како што рекол тој, „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна Зора“.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29292009.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=15 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> По ваквата изјава на Барбариус, државното обвинителство издало наредба за негово апсење, но тој успеал да ѝ побегне на полицијата. Во бегство се упатил со автомобил марка „Волво“ за кој не се знае дали е во негова или во сопственост на грчкиот парламент. Тој возел со брзина од најмалку 180 км кога не застанал на знак на полициска патрола, а за малку ќе предизвикал и сообраќајна несреќа.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на „Златна зора“ и побегнал на полицијата|url=https://novatv.mk/pratenikot-na-zlatna-zora-i-pobegnal-na-politsijata/|work=Нова ТВ|date=16 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
За време на потпишувањето на договорот во Нивици, на патот што води од [[Преспа]] кон [[Лерин]], во близина на селото [[Писодер]] кое е на триесетина километри од селото каде се потпишал договорот[[Нивици]], група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.<ref>{{нмс|title=Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата|url=https://republika.mk/928546|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.<ref>{{нмс|title=Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа|url=https://republika.mk/928569|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
== Референдум ==
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
== Надворешни врски ==